Јас затоа се воздржав сега да не цитирам, да не рече еве ја оваа пак, аман и некој друг нека ми одговори
Хаха слободно само реплицирај и теши ме немам глад и жед. Кој знае од што ми е, може од хормоните. Последниве два дена ми е многу изразено гадењето од мириси, два пати готова бев да повратам, ми се качи до горе ама не излезе.Сите во прво тромесечие, а јас сега кога ќе влагам во второ ќе повраќам, све обратно
Се тие едни исти сме, а мене оваа и уште 3 труднички теми, така ми вртат и кога сум вклучена овде дежурамследниот пат ќе те почекам ти пред мене да коментираш
Здраво женски, 13+1 денес, се чувствувам добро, енергијата ми се врати ама денес сум многу подуена во стомакот а се борам и со настинка. Нормално ли е прва бременост и се ме плаши
Ќе искоментирав пред тебе, само се сецнав и се воздржав од незгодно Ама па што има врска, ќе си пишуваме. Секако
Добро Утро жени Ме интересира тие со 2 ра бременост дали почнува толку брзо да расте меше или јас сум феномен .. И со првата релативно брзо веке во 8 ма почнав да растам во меше но сега уште во 6 та недела почна да ми расте меше ...
Како ги сметате неделите на бебе? Според последна менструација сум 11+5 ама денес на ехо според мерки ми покажа 13+0. И сега која недела да си мислам дека сум? Зошто due date се пресметува според мерките, како ќе покаже ехо мерки така се покажува и терминот на сликичето.
Мене во вторава многу рано почна да ми се познава стомак. Во 8 веќе убаво ми се познаваше. Сега во 34та како 9ти месец сум, незнам како ќе се тера до крај
Јас од секогаш си сметам според последна менструација. Мерките може да варираат. Пример, со првото од старт до крај според мерки бев 2 недели понапред. Се породив 41 недела, цела недела после термин. Така да затоа и оваа бременост си го гледам само терминот според последна менструација.
Мене пред секое ехо ми внесува докторката датум на последен цуклус и на сликичките си има податок и по циклус и по мерки. Секако due date го рачунаат по циклус.
Со првата не ми се познаваше стомаче до покасно,овој период некаде,сега уште од 8-9 јас сум како балонче.Имам останато малку меше и некое кило плус за разлика од првата бременост и може и затоа незнам ама еве 15+ сум и веќе се познава дефинитивно,не се крие мешко веќе
Во првата многу качив но после за релативно кратко време се вратив во килажа , но ете сега веќе почна да расте уште на старт , уште немам кажано на никој одлучивме со маж да чекаме до срцева ама мене мев ке ме издаде
Јас па качив малку 10 кила се на се,коа излегов од болница пола ги снема одма.Ех што убаво си бев слабичка ама било је то давно некада пред 4 год одпосле ја си качив килца.Ако сакаш да почекаш некои поширочки блузички а и еве го каде е сигурно за недела мах. две си на контрола,нели?
И јас втора бременост, 9та недела а меше имам порано. Многу ми е чудно, оти порано се дешаваат некои работи
Баш порано се дешаваат.Со првата гајле немав до 30та недела бев супер ни болки колкови кичми ништо,а сега со снегулкава се распаѓам уште од сега