Јас пијам фолна со витамин Д. Пред некој ден почнав и со магнезиум бидејќи имав мака со спиењето. И мене истото ми го кажаа инаку, дека ако си јадеш разновидна исхрана, тогаш немаш потреба од дополнителни витамини за сега.
Јас пијам фолна, ц витамин, магнезиум и б6. Денес сум на прва контрола кај матичната пошто сум со ивф и првата контрола ми беше во Њуборн а докторот ми продолжи само утрогестан и клексани.
Jas pijam pregnatol multi aktive folate ...Toa e folna so multivitamini nekoi i plus sega zemav magnezium po potreba dr zasega ne
Здраво на сите, пред една недела кога бев 8. недела + 4 дена, матичната ми препиша Дабростон оти ми рече дека плодот ми бил малку спуштен подолу, една на ден, ми рече дека е чисто превентивно за задршка на плодот. Бешиката беше матна (а месец дена пред да дознаам дека сум трудна бев кај неа на преглед, бешиката беше океј). Ми рече да одам да направам проверка на урината. Пијам Дабростон една недела, денес забележав една мала, но бледо кафеава дамка на гаќите. Еве што викаат резултатите од урината, ги вметнувам во атач. На ехо сум за 5 дена, ми рече тогаш да ги носам резултатите, ама некако испаничив ептен не знам дали да кревам аларм и да се обидам да закажам термин, ако не кај нејзе, за второ мислење уште утре...Имам ли простор за грижа? Прва бременост ми е, не знам што да правам
Матна бешика значи дека слабо течности пиеш резултатите ти се океј. Гледај исхраната да ти е разновидна да не си по цел ден на овошје и зеленчук само и најважно од се пиј мноооогу вода за да не биде матна, од искуство ти кажувам
леле од паника пишав и во труднички муабети. А кафеавата дамка? Не знам што да мислам за тоа искрено тоа повеќе ме плаши... А вода па си пијам цел живот мн вода, сега пијам секако 2 литра дневно (као се спречувам повеќе да пијам оти не сакам на работа да одам во вц) ама ќе зголемам од утре... фала ти на одговорот !!!
Ако задржуваш мокрача можеш да ди направиш воспаление на бешика, канали и бубрези евентуално и бактерија. Кафеавата дамка можеби е од предходно што си добивала па матката се чисти уште. Штом немаш свежа крв, болки и на бришење нон стоп кафено без гајле. Плус и покриена си со терапија пиеш дабростон раат си уживај. Може матна мокрача да си имала и ако си држела подолго време и така дасе види на ехо.
Ако е нормална бременоста да зошто да не, јас си имам редовно,сепак не толку често како пред бременост
Ако добиеш зелено светло од доктор, они претежно сами кажуваат на преглед дели е дозволено, тогаш без проблем можеш до крај на бременост.
Денес правев крвна слика и имам покачени протеини во урина... иииии се изначитав на нет и срцев удар ќе добијам кај и да е. Имала некоја од вас ова? И PH ми е покачено треба да е до 7, мене ми е 9. Утре ќе носам нова урина со среден млаз, ама да слушнам искуства може? Плиииис
Направи уринокултура и ке се види дали станува збор за бактерија. Обично бактериите така качуваат пХ и протеини.