Do koga tocno gi imase eve jas sum 4+6 aber nemaat da se povlecat cela nedela I poveke veke si traat sekako probav I da ne se dvizam I pak isto
Женски дали од прогестерон имате намалена сила и ви се спие цело време?? 5та полна недела ама почнав со инекции прогестерон плус вагиналети и немам сила ич... Како зашемутена цел ден здив неможам да земам.... Два дена ми е вака.. плус лежење...
Од самата бременост е такво, немаш енергија, дополнително хормоните си имат удел, башка и од самото лежење немаш енергија, второто тромесечие ќе ти биде подобро, со лесно нека ти е.
А да не читаш по нетов секакви работи? Сите сме без енергија во прво тромесечие, нормално е да ти се спие и поспивај ако осеќаш потреба. Па ќе дојдат можеби мачнини, главоболка, тоа е веќе индивидуално. Одмарај и чекај си второ тромесечие, тогаш ќе ти се врати силата. И јас примам прогестерони едно чудо уште пред бременост, во прво тромесечие ми беше како тебе и само што влегов во второ, како нова сум, а уште примам прогестерон. Одмарај ако ти се одмара, со лесно!
Здраво девојки. Денес направив тест на 1 ден доцнење од циклус и е позитивен. Меѓутоа пред 1 недела на микробиолошките брисеви имав уреаплазма и примав сумамед и полигинакс вагиналети. Со сумамед завршив ама вагиналетите треба да ги примам уште 8 дена. Ќе одам на матичен секако ама сега е викенд па ако има некоја членка со слично искуство да ме советува дали е во ред да ги ставам вахиналетите.
Јад имав и со првото и сега. Првото се роди во 40недела, свд супер. Сега сум 9недела ми кажа пред 2 недели на ехо пак дека имам. Утрогестан, прогестерон инекција 1 недрлно, вит ц и магнезиум. Ќе се повлече сам од себе, најчесто не е страшно .
Не знам дали има дополнително влијание прогестеронот, јас сум 7ма недела и не примам ништо па немам ни трошка сила за ништо, пред една недела почнаа и мачнините, не утрински туку 24-часовни ама си се навикнуваш на се, исто ми беше и во првата бременост. Пијам антиметил ама некако ко за џабе.
Не. Ни со првата, сега па со 3г дете дома ич. Мене и не ми кажаа дека мора строго мирување, мислам зависи и големина на хематом и каде се наоѓа
И јас имам лошење 24 часа, само кога спијам не ми се лоши... Ова ми е 4та бременост и сега ми е најизразено... Антиметил пиев во претходната сега чекам бар во 7,8ма недела да влезам... Од јадење само леб и паста можам во уста да ставам...
Јас па немам сеуште аверзија кон храната, кога ке дојде време за појадок/ручек можам да јадам и дури јадам тие 20/30 мин ми е во ред, за појадок овесни каши, ручек салата со нешто, вечера ако ми се јади само салата зелена. Не се секавам кога почнав да повракам во првата бременост, се мислам дали сега ке ме одмини повраќањето или доправа следва. Во првата бременост во 3то тромесечие умирав од киселини, сега ќе видиме како ке де одвива понатаму.
Здраво, дали има некоја членка бремена со ИВФ? Ме интересира до кога примавте прогестеронска поддршка, 9та недела сум и др. ми рече да прекинам и со пролутекс и утрогестан, некако ми е рано и страв ми е да оставам сѐ наеднаш. Фала
Здраво,јас сум бремена со инвитро,моментално сум влезена во 5-та недела.Примам прогестерон депо 2 пати неделно се до 14 недела ми рекоа од клиника,а дали ќе ми продолжи понатаму гинекологот ќе видиме тоа он ќе одлучи. Искрено би примала и до 36 недела ако треба,само да биде се добро.Јас би те советувала да се консултираш со гинекологот најубаво,ти посакувам лесна бременост
И мене рано ми прекинаа терапија мислам исто околу 9та недела и тоа јас само утрогестан имав после трансфер , до 40та недела терав без никаков проблем
Девојки незнам од што ми се случува ова и дали е нормално... Осеќам болки во абдомен (менструални) уште од 6 недела за коишто сметам дека се нормални . Краткотрајни се и издржливи .Меѓутоа осеќам болка и во горниот дел од стомакот и не поминува брзо . Поради тоа ми препишаа утрогестан. Бев на лекар пред една недела кај матичен,но и на приватно.. и двајцата рекоа дека се е во ред со мене и со бебето и да продолжам со утрогестан. Дали и кај некоја од вас се случувало истото ? Инаку сум 10 + 6 .. Преглед следен имам во Понеделник.
Мисла дека би го средила со магнезиум проблемов. Бар ја така го решавав со 2 магнезиум директ еден сабајле и ден навечер. Матката се шири и нормално е, ако болките се неподносливи тогаш на лекар., но доколку немаш крварење и екстремни болки нема причина за грижа.