Ne znam od koja pricina I Kako gi selektiraat nekoj se vo abulantite so dobar aparat nekoj gi prakaat kaj digitronot
Ама добро секако ќе одам но не можам да најдам дали овие резултати се во некоја нормала или за колку отстапуваат.
Ама џабе се оптеретуваш ако одиш на второ мислење.Не се мачи психички да вртиш по гоогле и да читаш свашта а може не е ништо.Само ќе бидеш напната и под стрес
Јас бев на приватно...ова се моите вредности ако ти е за споредба: BPD 20mm, CRL 61mm, NT 1,15mm, носна коска видлива 2,5mm. Докторот ми кажа дека се е во ред, а исто така правев и пренатален неинвазивен кој е уреден.
Резултатите ти се во ред. Со тоа што на прв скрининг треба да се види и измери носна коска. Јас би одела на приватно, не мора Систина или Ремедика. Прв скрининг сите прават. Колку за твој мир. Верувам дека се е во ред , само докторот не можел да види.
Мене ми се свиѓа путерот на Hipp, сега за сега. Преубаво мириса и кожата ми е хидрирана и цел нареден ден. Понатака планирам и уље да ставам.
За првото користев маслото на веледа и немав ниту една стрија. Сега имам некој путер од дм за трудници убав е мрсен и хидрира да го завршам може пак да земам од маслото..
Ми треба малку помош. На 26.04 ми се појави мало крварење и на 27 бев на контрола ехото беше уредно. Ми дадоа инекции Протулекс и за некој ден ми престана крварењето, но и симтомите се минимални. Градите многу малку ме болат за разлика од пред тоа кога не можев да ги допрам. Гадење не ни имам. Ме фаќја паника да не случајно е нешто лошо. Дали има некој со вакви вакво искуство. Извинете за долгиот пост, прва бременост ми е долгоочекувана и во паники сум.
Симптомите можи да се изгубат па пак да се јават, или после други ќе имаш, можеби и никакви до крај, секоја жена своја приказна, мисли позитивно ќе биде во ред. Која недела си?