Болките не се невообичаени ти се шири матката се припрема за бебе. Се додека нема крварење не е страшно. Сепак можеш да отидеш на преглед чисто да си бидеш сигурна дека се е во ред и да си направиш муабет со доктор, пошто стресот не е добар. Со лесно бременоста
И јас сум 9+,и имам повремено исто како менструални болки,и исто како грчеви.Среда сум на контрола,на последната контрола не ми кажа срцева акција,сега одвај чекам.Со миоми сум и малку ми е страв
Мене последна менс.10 март Би требало сега и скрининг да ни закажат,или рано е Сум заборавила како беше
Здраво на сите.Јас сум нова во форумов. По една година брак,по направени испитувања на мои и мм,по интервенција кај мм од варикоцела.И јас сум со позитивен тест II Во средата бев на прв преглед бебушка беше 6+2 со срцева акција.Др ми рече дека имам хематом ми препиша витамини D,folna,femebion,Magnezium,B6,utrogestan 3x 1 секој 4 ти ден да се боцкам Progesteron depo. До завчера имсв болки во левиот долен дел од стомакот како убоди,имав само нагон , но не и повраќање,гради ме болеа умерено на допир. Денеска немам ниту еден симптом од овие што ги наведов,сум многу загрижена бидејќи поминавме доста за да дојдеме до зачнување.Доколку има на некој му се изгубиле симптомите вака наеднаш би ве замолила да сподели. Извинете на долгиот пост,нова сум..а и споделив низ што поминавме и успеавме.Сите само верба и ќе успееме
Не,ништо не ми спомна докторката.Рече за две недели на контрола ако имаш кафен исцедок не е ништо страшно , само да мируваш бидејќи хематомот не е на страната од кај што се храни бебушка тоа било добар знак во ситуацијата.
Прокрварев. Како свежа крав на вришење и како едно мн мало парченце.Примам утрогестан вагиналети од вчера.Каде има Дежурен???
@hana@@ Пиши што имаш направено. Ти праќаме убави енергии Јас моето го видов денеска, 2мм е. Ама докторката ке ја сменам после следниот преглед. Крајно арогантна, и дури неколку пати ме праша да не планирам да го абортирам зашто сега дури ми закажале преглед (што е грешка на сестрата). Не сакаше ни да ми ги види витамините што ги пијам, и ми испонаша као у стил кој ти кажа да пиеш фолна к-на, од кога ја пиеш? Пробав да и објаснам дека ја пијам со год уназад во комбинација со б-комплекс и оти сакам да зголемам доза на 400мг, само рече во ред зголеми ја. Немам зборови.
Леле каков муабет на трудница фолната и тоа како е битна за пиење, поготово првите 3 месеци. Ништо погрешно не правиш слободно пиј си. Нека расте точкичето
Не знам, али само оди и види се. Па кажи како помина. Дај боже да се е во ред. И кога бев кај второ мислење се зачуди што пијам фолна кога јадам секој ден салата и овошје. Но секако јас не прекинав. Ќе си продолжам до крај. Само да е живо и здраво бебето.