Девојки јас вчера бев на прв преглед да речам, иако не беше преглед не ме гледаше на ехо. Ми зеде целосна анамнеза и од мене и од маж ми. Зборевме долго со неа, ми рече да одбегнувам необработена храна и месо. За чаеви ми рече дека слободно можам да пијам во нормални колични. Е сега, не знам дали во Мкд се прави, но тука ми рече задолжително е секој месец да се проверува крв за присуство на токсоплазма, иако ми рече дека проценти за добивање се мали ама сепак морало да се проверува. 12та или 13та недела веќе ке правам хромозомски испитувања. За пол на бебе рече да не се брзам, да сум чекала најубаво до 03.07. што би била околу 13та недела. Вие кога дознавте за пол?
Обично на почеток фолна даваат да се пие со Д витамин ама валјда во фембионот има види прочитај во состав. Со лесно да ти е.
Сега која недела си? Јас пол дознав 16та недела се криеше, ама мислам машките побрзо се покажуваат. .Не е ни битно што ќе биде живо здраво да е и ти со лесно да го износиш.
Можеби за тоа поднебје е висок процентот на токсоплазмоза. Токсоплазмозата го има во изметот на мачките, може да го има во месото доколку не е убаво обработено исто така може да го има и на зеленчук и овошје ако не се измие убаво. Што значи сегде би можела да ја фатиш али тоа е мноооооогу ретко гледај да јадеш повеќе дома него ли надвор. Месо ти треба, јајца за протеини што се битни за раст и развој како за тебе така и за бебе. Имаше посебна темна за чаеви мислам и не се сите дозволени во бременост. Јас пол со првото дознав во 12та недела сега ќе видиме оваа недела за ова дали ќе ни кажат.
Кај нас токсоплазма 1 се испитува од 12 до 16та недела мислам. Иначе да од мачки најчесто се добива, јас ја имам прележано не знам кога ама со мачки години спиев, незнаев се до овие испитувања дека ја имам, ама имам антитела не е активна па фала богу не ми прави проблем, еве 2ра бременост се е ок досега (26нед). Со првата бременост му кажа 12та недела пол, сега 11та, 2те машки. Со лесно.
Здраво , ме интересира тие што сте примале клексани , дали ви испитале нешто пред да ви ги прекинат ? Докторката ми рече да ги прекинам од денес и да си продолжам само со аспирин и витамини . Иначе ги земав ради тромбофилија
Тотално те разбирам, баш од тие причини ние никому не кажуваме до трет месец здравје... исто, тешко ми е да зборувам на таа тема се уште... ти посакувам се да помине во најдобар ред и да се чувствуваш се подобро секој ден
Женски денес мн почесто као менструални болки при движење ,баш како пред добивање.Крварење никакво,со утрогестан сум од почеток. Дури и бутовите на нозете ме болат. Нормално ли е ? Јас со првото детенце ниту еден симптом ваков немав колку што се сеќавам
И јас нема со првото ама со ова ме уништија болките и јас не крварев и уште не крварам ама еве ме . Лежи и одмарај повеќе ама буквално да одмараш ќе се смират. Која недела си?
Лежи си и одмарај си рано е ептен си на почеток. Штом не крвариш добро е. Јас дури имав болки како со нож некој да ме сече ама се беше нормално дури се чудев.
Верувај јас сум човекот што секој преглед без здив останува додека не го видам срценцето на екран зошто имам пропатено од тоа иди на лекар па постанало без срцева акција па иди на чистење.
Јас имам такви болки од време на време па грч ниско доле кај јајник со утрогестан и фраксипарини сум. Исцедокот од прегледот е 90% смирен ама знае некогаш на бришење да појави кафено малце што не ми дава мир до следен преглед.. мораш да одмараш и да лежиш максимално. Мене среќа почнаа нагони, гадења и истурање црева па си викам има симптоми ваљда ќе биде океј конечно