Јас сум 12 недела а треба да се боцкам уште 50 дена до следна контрола на трансфузиолог. Подобро би ти било и со трансфузиолог да се консултираш пред да ги прекиниш.
Сега не , само после позитивниот тест проверивме беше океј ми рече да продолжам и денес ми рече да ги прекинам . У цела паника и гужва не ми ни текна да прашам зошто и како .
Утре да си направиш, ако не е тајна која е таа докторка што ти ги прекинала без да ти испита ддимери?
А утре каде би испитала , дека е не работен ден и дали би било проблем да отидам у четврток ? И препорака каде би отишла
Биотек капиштец од 8 до 14ч работат ама не е проблем и да почекаш до четврок сепак зимаш и аспирин. Пс не се секирај бебчи ке биде во ред за тебе се клексаните да не ти избие тромб (што незначи дека ке избие сепак ние не сме доктори најверојтно докторката знае, еве на пример јас сум со генетски мутации исто пијам само аспирин сеа за сеа ама дека сум ептен рано 4+0 понатака со консултација со трансфузиолог, дијагностичар и гинекологот ке си ставам и клексан)
Скоро исто тука сме, мене ми кажаа дека е нормално, зашто рачунај дека бебенцето расте и сака да се шири. Е сега, мене ми препорачаа често празнење црева, зашто ако има задршка во цревата може уште толку да те боли зашто бебето си прави место и притиска. Јас на пример, ако сум многу на нозе или да пешачам повеќе знае да ме заболи повеќе. така и ти прави си баланс со одмор и физичка активност што си ја правиш.
Обавезно одам во Четврток на комплетен преглед кај трансфузиолог па ке видиме што понатаму . Фала ептен малку повеќе ме опушти , бидејќи целата сум во паника со бременоста .
До четврток боцкај се ништо нема да ти биде од плус 2 клексана па ќе видиш што ќе ти каже трансфузиолог. Прво мора да имаш резултати од хемостаза и димери. Второ на почеток се даваат клексани бидејќи од кога ќе се формира плацентата и си ја врши нејзината функција ќе се гледаат протоци до бебе па тогаш можат да се исклучат клексани нормално и со резултати од димери и хемостаза.
Утрово имав мини срцев удар на станување што да видам, крв црвена пообилна, одма правец на дежурен спремна дека тоа е тоа 3ти абортус на докторот му викам докторе тоа е дојдов да ме чистите Кога пушта ехо бебе напредува, срценце силно се си е на место одговара за недели, боцна прогестерон депо, појача утрогестан дупло и мируваме. Долг е патов се надевам ќе го изодиме овој пат до крај
Овој пат дедо Боже сака да биде се во ред . Слушај ги докторите мила , лежи и мирувај и ќе биде се како што треба. Патот е долг и трнлив , но имај верба и надеж дека ќе го изодите до крај заедно со бебуш .
Zenski a utrogestan ima li razlika ako se pie ili vaginalno se stava, vo odnos na efektivnost i resorpcija? Mene mi kazaa vaginalno, a mozes i da go pies...i sega na misla sum. Polesno mi e da go pijam, ama citam 99% vaginalno go stavaat.
Обично при крварење кажуваат да се пие. Доколку не крвариш подобро е вагинално поубав ефект има, а ако го пиеш вртоглавици можеш да имаш.
Подобар ефект е вагинално ама ако е осетлив цервиксот и има крварење пиј ги. И биди спремна на вртоглавици низок притисок лошење... јас сум како издрогирана
Јас еднаш само го испив на сабајле бидејќи вечерта заборавив да ставам, сум заспала и многу ми беше лошо околу 1 час имав вртоглавица.
Јас првата бременост ставав утрогестан 3 месеци, еднаш пиев и на работа незнаев што ми се случува, цел саат имав вртоглавица, сега оваа бременост пиев Добростон од 11та до 22-23та ради мало крварење, немав вртоглавици од него.
Здраво девојки, денес почнувам 9та недела. После првиот неуспешен обид пред 4 години, сега повторно се фати. Цело време мислам дали ќе биде се во ред, од претходното неубаво искуство. До пред некој ден градите навистина ми беа потечени и ме болеа, но сега ништо не осеќам. Дали е нормално да го снема тој симптом и се да биде во ред?
Нормално е. Пример јас кога носев градник ми беа по стиснати и кога ќе се ослободев од него како некој да ги шамарал ме болеа. После тоа го снема овој симптом мислам дека 9та или 10та недела беше и еве 12та сум сега и се намалија симптомите, немам гадење, а немам ни веќе апетит толку за јадење. Мисли позитивно.
Фала за одговорот пробувам да мислам, но сеуште стои дел од таа траума затоа што кога се деси немаше крварење, никаков симптом за најлошото.