Какви средтсва купувате за чистење? Кои се природни и безбедни за користење? Гледам Лимес се рекламираат... или можеби од Frosch или некои во dm што се продаваат
Жолт исцедок во бременост е знак за инфекција? инаку скоро13та недела сум. Вчера правев брисеви . Правев и во 9та недела бидејќи имав чешање и испадна дека имам Гарднерела
Dali primase nesto za bakterijata? Imav i jas zolt iscedok nekolku pati ama brisevi cisti, urinokultura sterilna. Zboruvaj so maticen ako prodolzi ponedelnik na kontrola.
Сега за викенд незгодно е да и пишам, а инаку примав Ацидосалус вагиналети, до саботата и вчера отидов за контролни брисеви.
Истите што и до сега ќе и ги коритиш.Ако ептен ти е шубе за под на тета виолета плвиот мн убаво мириса не се измива и не се разредува 99денари и е во ДМ.За каменец сода бикарбона и оцет евентуално плус лимон да ставиш друго нема.
Здраво женски ☺️ Пред неколку дена направив серумско HCG и излезе позитивно Ова е особено изненадување бидејќи имав киретажа пред 3,5 месеци во 10та недела, и прилично нерегулиран циклус после тоа, но ете телото си работи. Моментално од симптоми имам само подуеност, болки во долен дел од стомакот, запек, боцкав јазик и малце гадење од сабајле. Наредна недела сум на ехо, ќе бидам 5та недела. Престанав со сите физички активности, иако бев прилично активна (теретана,планинарење) кои ми беа издувен вентил и сега не знам што со себе Се трудам да мислам позитивно и да не ги споредувам двете бремености, но денот е долг и на моменти ме фаќа паника. Како се справувате со анксиозност при целата неизвесност што доаѓа со бременост, особено во првото тромесечје?
Јас сум 7+1 и уште од од 5тата недела стомакот ми е ептен подуен, ниедни фармерки неможам да ги закопчам и тие најшироки што ми беа. Немам зголемен апетит и не јадам повеќе од претходно, иста сум на килажа. Прашањето ми е дали ќе ми се поднамали подуеноста или да си купувам нови фармерки?
Еве во 13та недела мешето ми порасана и ќе расне уште до 9 месец. Фармерки освен оние за трудници не верувам дека ќе можеш да носиш
Ќе ти се намали покасно, а тогаш веќе стомакот ќе биде пораснат што значи земи си нови.Мене никогаш не ми беа практични фармерки класични па цело време со труднички хеланки сум барем ништо не ме стега.
Девојки, ве молам за мислење, јас не јадам месо, јадам само риба и морски плодови. Добив коментар од матичната дека ништо такво не смеам и да се вратам на месо додека сум бремена “да не терам мода“. СТРАШНО... Апсолутно немам намера да внесувам повторно месо бидејќи не само од етички причини, ми пречи и на дигестија. Не ми е јасна препоракава... јас секако термички ја обработувам.
Со морски плодови и риба треба да внимаваш особено на почетокот поради жива која ја содржат некои риби или потекло на рибата односно од каде е уловена и донесена, како е обработена и сл затоа што се доста опасни и многу лесно може да се добие силно тровање. Претпоставувам поради тоа ти кажала да јадеш месо. Побарај низ интернет ќе најдеш податоци кои риби и колку смееш да ги јадеш, исто и за другите морски плодови. Јас после 12та недела пробав малце ослич, сега сум 30та и сеуште избегавам риба да јадам, макс по некое залче колку да ми помине меракот.
Оф леле, ја 8ма недела се утепав од пастрмки јадено, во два дена 4 изедов, туна салата секој ден јадам... сеа го терам маж ми у дојран на крап да ме носи, ама изгледа ќе си почекам штом не било убаво.
За туната особено се зборува дека содржи најголем процент жива поради што е препорачливо да се јаде макс 1 неделно, за морските плодови не знам дали е иста причина ама баш се наведени како забранети во бременост (бе знам дали сите, никогаш не сум ги сакала) исто и сушито. Види си замена за надокнадување на протеинот додека си бремена.
За морски плодови и жива во нив не знам ни јас дали и колку содржат ама па морските плодови се опасни ради тровање пошто треба да се многу убаво обработени. Колку пати само имало страшни последици од јадење школки во ресторани во сезона... Знам дека читав и за некакви ознаки на конзервите и паковања според кои можело да се види од какви води е уловена рибата, океан,изворна и сл и според тоа да видиш колку е квалитетна и здрава рибата. Не мораш месо да јадеш, ама како што ти пишаа најди замена за месото а со рибите информирај се убаво кои смееш. Јас на почетокот читав и искрено не ми текнува сега за кои риби пишуваше дека смее да се јадат, кои не смее, или во кое количество, ако веќе ви се јаде толку риба истражувајте по интернетов и секогаш во помала количина од таа што ја пишува пошо кај нас квалитетот е на неколку скалила подоле од стандардите
Ти пишале веќе членките за морските плодови и рибата.Туната вон бременост е дозволена само 2 пати неделно. Во врска со месото не јади пилешко туку црвено месо, особено телешко или јунешко заради витамин б12 и железо. Ако сакаш испитај си ниво на б12 зошто е тоа исто толку битно колку и фолната за нервниот систем а воедно и за циркулација. Доколку не можеш преку храна внесувај го синтетички преку таблети,капсули итн. Матичната лошо ти се изразила, обично вегетаријанците имаат недостаток на б12 зошто го има во месото. Се надевам ме разбра што сакам да ти кажам
Бескрајно ви благодарам на сите! јас па мислев дека коментарот е од типот на свекрва ми, не јади риба, нема детето да зборува.
Депилација на интима со восок за една употреба ? Матичниот ми рече до 3 месеци дур се оформува подобрп да не одам. И ср помислив малку .малку шубе .. и не појдов... вие какво искуство имате?