Mene maticnata mi rece ili Livrinova na gak ili Dimcev sistina, a citam deka Drasko e bas za taa problematika
Димчев ќе те прaти кaј дрaшкo џaбе ќе oдиш кaј негo и фрлaш пaри, зaкaжи си штo пoскoрo кaј дрaшкo не чекaј
Не се плаши, мене ми доцнеше 6-7 дена, 3 теста направив за таа недела дена позитивни сите, на гинеколог дури после 2 недели отидов и ми кажаа ништо сигурно, има нешто топче ама не се гледа ништо за сигурно после 4 недели да отидам, што значи после скоро 2 месеци од бременоста ми потврдија дека да, 100% сум бремена хахах. Со лесно!
Кога ќе ги прочитам констатацииве на докториве почнува да ми се темни. Сите се доктори со ваква и таква диплома... Жално... Не ми е што они се нестручни, туку нас што не плашат...
Здраво мамички. Нова сум на форумот и бремена сум 9та недела. Матичниот освен фолна не ми даде ништо да пијам за поддршка. Дали да земам нешто сама од аптека?
ПРепорачливо е да е фолната со јод, а за грчевите се пие магнезиум од 300мг. Се друго е може ама и не мора. Некои пијат премама, други фемибион....односно најразлични витамини за трудници во првиот триместар во чиј состав веќе е фолната.
Витамините нема да ти помогнат со мачнините. Тоа е фаза која на жалост мора да се мине кај повеќето трудници. Ќе треба самата да следиш од која храна ти е лошо и да ја одбегнуваш истата. Мене ми помагало крекер, јаболко, газирана вода...
Ја сега идам од на контрола, ми зеде брисеви, и крв на трансфузиологија за крвна група. Е сега според последна менструација плодов е поголем една недела, а на ехо помала, и ми напиша според менструацијата, така да сега сум 13+4. Се префрлам во второ тромесечие нели?
Правев анализа на крв и урина,покачени леукоцити и бактетии во урина.Има некој искуство со ваква ситуација?Матичната ми препорача уринокултура ама тек во понеделник
Жени, здраво и од мене до сите на темава Ја да се пријавам официјално и овде - 7ма недела сум. Бев на пеглед, има срцева акција, се е ок за сега
Добредојде @newring86 лесна бременост ти посакувам. Што ми е мило кога ќе видам некој од старата екипа по темиве.
Нека ти е со лесно душо, да се полни темава секој ден! Ние од понеделник се префрламе во второ тромесечие тема. Ве бакнувам и ви посакувам на сите да ни се придружите без никакви маки! Многу сум ексајтед!!!
Хај трудници Бремена сум по втор пат 7недели и денеска кај гинекологот, се виде срцева акција и нормално тука возбуди ме испофаќаа. Се е ок ама ми позна по матката дека имам болки од време на време (што е и точно, иако во првата бременост немав такви болки, дури до 6ти месец ) Ми препиша, освен фолната што си ја пиев, магнезиум и утрогестан 200 и премама што гледам повеќето ѓи пијат ама сакав да им напоменам на тие што не им препишале или им е прва бременост да не се паничат дека не им кажал ништо докторот ( и јас така се прашував со првото зашто мене ништо не ми кажал да пијам плус од фолната, тек во 5-6месец почнав со витамини и железо и се останато. Тогаш крвта ептен нагло ми ослабна ,плодот доста влече колку и добро да се храните , не може да постигнете )Сакав да ви кажам уживајте дури можете преку исхрана внесете колку можете поубави и здрави работи за ВАШЕТО бебе.Еве сега од сам почеток добив совет да пијам премама затоа што напомнав дека уште дојам и ваљда да не дојде до општа слабост на организмот и сл. Дури добив и совет и да размислам да престанам со доење за да не се истоштувам премногу. Друго ми беше поентата на постов: сакав да прашам од трудниците што користеле утрогестан 200 - јас го разбрав докторот дека треба да го пијам а овде на упатсвото пишува дека треба исклучиво вагинално да се прима во првото тромесечје. Од искуство да ми кажете совет. додуша јас одма вечерва сакам да го почнам зашто кога се движам осеќам болки па морам да почнам макар и вагинално па и ќе се слушнам со докторот. Ама секако и вашите мислења ќе ми бидат од корист Добра ви ноќ на сите и со лесно прво тромесечје да ни биде