Абе не е ништо неиздржливо ама трае, а осеќам дека ми е од црева зошто и ми кркорат и гасови имам и ми се грчат ама пак страв ми е зошто ми е вака.
Нема веќе хематом 3-4недели но поради претпазливост има мирување нидејќи првиот хематом кога и се повлече после тоа и искочи нов после 2месеца и и одлепи дел од плацента. Така да убаво ти кажав несакам да те плашам ама никој доктор за вакво нешто што е искусен не иде на џа или бу, туку превенира со време. За информација ддимерите и се супер ама прима клексани бидејќи имаше одлепување на плацентата поради хематом за кој мислат дека е искочен поради тоа што има мутации а ги дознаа кога имаше нов хематом кој го направи одлепувањето. Јас би ти рекла да си седиш мирна како ќе ти кажат така да правиш. Јас сум сега во рана бременост каде што од позитивен тест сум строго дома од предпазливост поради предходни рани спонтани и плус примам клексани. Секој доктор си знае што треба што не треба, не сме попаметни ние сигурно од нив, да сме биле ќе бевме сигурно на нивно место. Иначе која ти е матична ако не е тајна?
Јас мила сум на секок 10-15мин со испуштање гасови искрено ми шетаат по црева цело време. Те имам диареа те немам те запек и така во круг. Која недела си?
@HeLenna @_budaletinka* нормални ви се симптомите за тоа тромесечие...јас првото имав запек од прогестеронот..откако го прекинав, нормално си терав во тек на бременоста.
Од прогестерон депо мила?? Јас сум во понеделник на прво ехо чим видиме нешто ќе примам депо па ако ти било од тоа како го решаваше запекот? Пиеше ли нешто
Не, јас ги ставав вагиналетите кринон, и од нив ми беше така, тие се прогестерон. Па земав нешто сливи, салце пиев, супи, повеќе течности, така си олеснував.
И јас бев горе доле со слична терапија..сè се собира, затоа и такви симптоми. Има провен за трудници, прашај дали смееш за да ти олесни.
И првиот транафер кој беше успешен бев со иста терапија и немав вакви симптоми. Ама изгледа нема правила...
Нема правила, јас првиот скоро ништо немав симптоми, биохемиска, втор успешен 10 симптоми..не секој пат е исто. И ти имаше биохемиска или?
И моите се така, 3 ден од трансфер ми е....но се намалија,браавиците сеуште ме болат на допир, но губам надеж некако. Вака не ми беше првото инвитро,многу поинаку е се а истата јас и истата терапија ....