Главоболка немам 7недела сум но притисокот ми е 95/60, 100/60 и солено и газирано и се имам пробано и не мрда погоре се надевам е нормално периодов
Можам да замислам како е .. јас не идам на раб на боледување сум ама дома неможам да се одлепам од кревет само бута притисокот ..
А да пробаш кафе со лимон? Мене досега додека сум бремена два пати имав силна главоболка и кафе со лимон ми помогна и масажа на главата на скалпот, многу релаксира
Не ми текна на кафе со лимон. Ако ми се повтори ќе пробам. Денес станав како нова, буквално, само шо бев рано станата па ми се приспа и си дремнав, ама општо се чувствував свежо, како да не постоеле претходниве два дена..
У 8ма влевам. Имам напливи на нервоза. Ова седењето дома ме вади од такт. Се ми е океј, вчера бев на приватен. Се е ко шо треба. Матичната ми е запната дури патолошка да зеам..а ако продолжам и отказ не ми бега.. Ке скренам дома, само на глупости мислам.. Ништо друго немам симптоми освен шо се ми смета..
Ако се е ок, зошто седиш дома? Исто и матичната зошто ти вика патолошка да отвориш ако нема индикации за тоа? Без причина лежење дома само во депресија може да прерасне.
Имав сукрвица. Сеа ми е океј се. Бев и на приватно. А за секој случај да сум седела.Ама не можамм, депресивна сум од почеток не уживаме, само со мисли сме, не сме се израдувале ко шо треба. Ми беше лошо да имав кафен исцедок, ама сите околу мене го поминале тоа и океј се.
Зошто не се стрпиш малце и да си ги наредиш приоритетите? Нема да ти избега работата (едино ако не работиш во некоја мала фирма каде вработените имаат вредност 0 и си на определено па да ти прекинат договор) ама ако веќе си се решила да бидеш мајка мора да сфатиш дека крварењата не се нималце наивни. Не за друго ќе акаш глава на крајот ако го изгубиш. Малце смири ги хормоните најди занимација барем излези од 3ти месец пред да избрзуваш, те читам цело време форсираш враќање на нормален живот,работа движење. Твоја си е одлуката и те како разбирам колку влијае на психа намалена плата, лежење врзан за кревет (во мојот случај 7.5 месеци, месечни терапии 11.000мкд плус трошоци за прегледи а плата скината 30% во меѓувреме сопругот останува без работа и уште 300други компликации ) па се соземав се стабилизирав и реков детево зависи од моето тело сега, решена сум да го родам затоа ќе го квачам. Не знам колку години имаш, кое дете ти е и сл. Ама ако веќе си стигнала до 8ма недела (а не дека е нешто премногу далеку зошто најголемите бељи се случувале од 8ма до12та недела) дај барем 2 до 3 недели мирување од последна сукрвица за да видиш дали е навистина се ок. Еве јас 2 пати имав сукрвица и идев на работа зошто нели тоа е најбитното, ги изгубив двете. Со ова крварев од 6та до 15та недела со прекини. Па од 18та нов проблем кратење на грло, серклаж,лежење без гаранција дека ќе го родам во безбедни недели. И јас после 13та недела најавив дека се враќам на работа и бам шок после преглед во Систина каде рекоа топ е се шетај врати се на животот нема гајле ќе тераш, крварење како прв ден циклус крвишта. Пак ќе кажам ти си знаеш возрасна си штом си решила да раѓаш, ама осеќање депресивно и нервозно не е причина да избрзаш со враќање на нормални активности во 8ма недела. Јас сум од тие што после пеколот што го пројдовме и преживеавме со маж ми, дува и на ладно.
А јас па сакам патолошка дека без енерџи сум ради притисоков а и камен е на работа плус ми се одмара, ама не ми дава хахаха. Вчера потспомнав одоколу дали има начин да бидам дома, а да не сум на терет на фирмата, ми рече нема таков освен одмор да си користиш..
Дали од утрогестанот имате болки кога го ставате вагинално? Предходната бременост немав ова бременост нонстоп, затегање на матката,некое непријатно чувство,баш боли некои 15 мин може и повеке. 7 недела сум
Дали има некој често како жарење во матка нарочито повеќе на лева/десна страна баш како некоја топлина која е појавена повеќе навечер?? Ставам утрогестан 2х1 иначе сум 7+3
И јас исто ми треба боледување да се изнаспијам како човек Одвај туркам на работа А докторот ми рече прави си се нормално не си ти болна А јас како болна се осеќам енергија 0% Само лежам по цел ден
Иста сум на тема енегрија, очите за спиење ме жарат, а не сум карактер кој може да одмара често и хаос сум