Пробај со чај од ѓумбир, сум читала дека многу добро делувал доколку имаш гадење и повраќање. Јас сум 10+2 и некако сум цело време поспана не можам да функционирам, а немам гадење и повраќање амазатоа имам надуван стомак киселини и гсови премногу дури
Јас сум 10+2 и до сега не сум имала гадење и повраќање, ама затоа на моменти имам премногу гасови и ми се дува стомакот.
Од кога почна да ви се знае мешето? Јас како до пред некој ден по подуена бев, сеа ми спласна, немам баш меше. 9 нед. Инаку не се плашите за кафето дозволено е по едно до две. Нема да ги прајте јаки и готово. Ние сме бремени не сме болни. Јас како што сум со низок па ај и кафе да не пијам. Ми дозволија двајца доктори. А и сите околу мене пиеја и си родија здрави деца, не се потресувајте толку. А пријателка шо ем безкофеинско ем некоја одбрана храна, сеа има проблеми со детенцето. Затоа уживајте си ја бременоста и не мислите многу. (за цигари не, и јас ги откажав ко дознав)
Радувај се што немаш никакви мачнини, јас со првото имав само првите 3 месеци заради главоболки и гадење од храна.. а сега па 12+4 сум и буквално ме убија главоболкиве, штом ме заболи одма имам нагони на повраќање, никаква енергија немам.. а и немам ни никаков мерак према храната, некако не ми е по кејф за разлика со првата бременост.. и лицето ми е крш попара, ептен црвена , се лупи кожата а со првата бременост имав како сјај кожа. така да уживај си додека немаш
Дали имаш синче или ќеркичка, се поврзува ова со кожата со полот на бебето, иако нели секако нема правило, но сум слушнала доколку ти е сјајна синче ќе е и обратно
Јас не дека барам да ги имам симтомите зошто многу сакам да ми се лоши, туку се плашам дали е се во ред зошто не си ја осеќам бременоста. Да не се разбереме погрешно. Затоа и пишав, дали има и такви случаи чисто да се утешам додека чекам да дојде денот за преглед.
Не се секирај, гали си го мешето и уживај.. се ќе биде во ред и јас така немав никакви симптоми до 7-8ма недела и оп се одеднаш ми се случуваат мачнини
Случајно те прочитав, јас имав покачени ензими скоро цела бременост, од 28 недела натаму, после прележан тежок грип ми открија плус имав и трудничка холеостаза, на тебе за тоа ти е рано ама дефинитивно ти се покачени ензимите од што си била болна. Ако се друго е во ред мислам дека нема потреба да се грижиш. А и некоја покаченост е нормална во бременоста.
хахахаха и јас кога си се гледам на огледало еден ден си мислам дека ми пораснал малку стомакот па псоле другиот ден пак ми е рамен, најверојатно е од надуеност. Мислам дека е сеуште рано за стомаче
Секако има и причина зошто се грижам толку, еднаш имав мисд абортус пред 1 година, баш во овој период и сега сум во грч, се немам израдувано ниту еден момент и само чекам следен преглед и очекувам истото да ми го кажат. И згора на цел тој страв немам симптоми, а имав минатата недела малце лошење, сега ич. И така... Не знам дали некогаш ќе се израдувам. Се извинувам за негативата, ама посилно е од мене.
Секоја од нас што поминала низ било каков абортус те разбира... искрено тоа константно чувство дека нешто лошо ќе се случи нема да ти исчезне додека не го гушнеш бебчето,може само малце да ти олесни кога ќе почне активно да го осеќаш ама и тогаш ќе си измислуваш дали не мава доволно, дали нешто ќе тргне наопаку едноставно нема да уживаш 100% како што би уживала ако не си имала претходно трауматично искуство. Но е во ред и ќе помине. Најтешки се првите 3 месеци после 4 5 6 месец ќе имаш повеќе енергија сила и позитивни мисли па ќе летне времето. Само редовни контроли и надеж дека овој пат е вистинскиот Никогаш не се извинувај за тоа како се чувствуваш, најмалце овде каде што навистина 90% од членките се осеќаат исто како тебе.
Јас кафе и со првата и сега не можев некаде до кај 14та нед и после пак си почнав пијам едно до две ... За меше со првата бременост до 5 месец мислам дека ич немав, малку после нагло почна.. ама сега еве 4ти сум...машала многу поголем и мн побрзо почна да се поЗнава
Еве ме и мене тука Направен преглед денес, од утре сум 5та недела..го видовме зрнцето на ехо, ехо за срцева акција ми закажа на 18.12. Ми даде фемибион 1 да пијам и брусница ради уринарна инфекција, потоа да следам уринокултура. Сте ги пиеле овие витамини?
Јас ги почнав во 10, до тогаш и пред да останам бремена пиев само фолна на Солгар. Од 12 мислам кажа докторката со фемибион 2 се продолжува. Брусница си пијам и јас.
Вие со втората бременост каков облик на стомак имате? Дали личи на машко или женско уште рано тек 12та недела?
За форма искрено не знам, иста ми е како во првата бременост но не знам како се дефинира таа форма, има ли нешто по што може да се ориентираме каква форма ни е стомакот? Знам дека во 11+ недела ми е стомакот како во 5+ месец во првата бременост… Навчер накај 6 месец оди
Леле мене уште од 5-6та недела ми беше ептен подуен, ниедни фармерки неможев да си носам дури и другарка ми ме зафркаваше ми вика машала меше