Не знам дали има формата врска ама јас со ќерка ми кога бев бремена 22 кила се здебелив, прв триместар 9. Отечена цела бев, ко кит бев. А ми се познава и сега ама не сум поправена, пуна 11та недела сум, влагам во 12та. Мислам дека од сам старт 36ка панталоните не ме збираат.
Прекинав дабростон ми рекоа да продолжам со утрогестан со локално (да ставам) и ми паднаа на пола за 9дена ензимите. Ми рекоа дека дабростонот знаел да даде високи ензими на 1пациент во 100.. па матичната ми рече дека изгледа јас сум таа среќлика ама да повториме за 15дена пак
Kako se spravuvate najlesno so gadenje i macnini, postoj nekoj nacin da se namalat ili ne dosega mozev barem kifla so jogurt sega ni toa, ama bas nisto nemozam da jadam i da pijam. Postojano mi se losi...
Беше ли на преглед? Јас сум иста како тебе, немам никакви симптоми и многу се плашам дали е сѐ во ред.
Докторката ми кажа можам да ги намалам утрогестанот, од 3 пати сега на два пати, насабајле и навечер. 9 недела сум, да не ке биде некој проблем ако сеа ги намалам. Плус примам прогестерон депо еднаш неделно.
Мила, не можеме да се споредиме, колку што те читав наназад ти си минимум 2 недели после мене. Јас зборам за немање симптоми во 8ма недела. Во твојата фаза секако немав симптоми и беше се во ред на првиот ехо преглед.
Девојки да се придружам на темава. 8ма недела сум од вчера и чувме срцева акција во понеделникот. Како се справувате со анксиозноста после претходно неуспешна бременост? Јас денес цел ден сум опседната дека не приметив дека воздухот од клексанот бил на средина и сум го вбризгала. Плус имаше крв кога ја извадив иглата и денес на местото има црвено кругче кое малку чеша (не е модрица). Цел ден се мачам и викам дека сум внела воздух и очигледно сум погодила капилар да не му наштетам на бебето и да стигне некако до неговиот крвоток. Знам дека не сум реална. Не помага што 15 минути после клексанот стомакот долу почна да ме боли. Осеќам како притисок, болка која доаѓа и се губи. Извинете за замарање ама ми треба некоја утеха за да не се пореметам психички. п.с. за оние кои немате симптоми, не се секирајте. И мене оваа бременост ми е таква со скоро ич симптоми. Претходната бременост ги имав скоро сите можни симптоми па не беше успешна. Симптомите не се показател за како ќе ви се одвива бременоста.
Знам ама си се тешам некако. Јас бев пред три дена на ехо, имаше срцева акција, се смирив, сега пак ме фаќа паника Иначе 6+3 сум. Едвај чекам да дојдам до таму 20 недела да почне да мрда.
Не се секирај за клексанот воопшто, јас не внимавам на воздухот, нема никаков проблем. За другото како се справуваме... Никако.
И мене ми се случи баш денес тоа со воздухот ама ја не знам од кај ти текна на тоа до крвотокот , ни на крај памет не би ми текнало.
Хахаха може дека имам средно медицина завршено и премногу мислам на глупости . Нареден преглед ми е тек за 4 недели не знам како ќе издржам психички до тогаш. Тежок е овој период на чекање и стресот додека ти потврдат дека се е ок ...
Таму до крај на бременост кога ќе бидеш цела со црвени флеки,модрици, хематомчиња од клексаните ич нема да ти текнува на вакви сценарија ќе отрпнеш после 150та инекција Еве ме на нозете сум си погодила 2 капилари цела слива тврда имам под кожа. Ќе мачкаш хепатромбин, ациди борици и ќе пројде. Само може дејството да е пократко на самата инекција
Ве читам и сега ме замислите, дали неправилно боцкање може да има помалку ефект? Не внимавав на тоа, а и ова со воздухот не ве разбрав баш.. Јас отварам инфекцијата, земам дел од стомак, претходно дезинфецирано и боцкам во стомак, скоро и да немав модрици.
Јас сум иста цело време сум со мастики и кисела вода од ѓумбир .. па ќе јадеме кога ќе поминат мачнините
Мала е веројатноста дека ќе има помал ефект ако се боцне на вистинското место. Битно е цела доза на лекот да се инјектира. За воздухот игнорирај ме, си забегувам јас со филмовите. Има нели меурче во клексанот и најчесто е најгоре на шприцот и последно се истиснува за да покрие дека цел лек ќе биде внесен. Кај мене беше на средина и го инјектирав и се исплашив и да не мо влезе во крвоток и да направи проблем на бебето.
Не се заморувај со тоа воопшто, до 5ти месец се боцкав сама во стомак, без да истиснувам воздух, после тоа маж ми ме боцкаше во рака па истиснуваше воздух па ме боцкаше. Единствено може да ти смени околу модриците, и аголот ти е по битен, другото не си стварај стравови со тоа со крвотокот на бебето. Опушти се.
Мене со првото, уште немаше на прво ехо срцева 5 недели некаде.. јас повраќав, до 12та бев крш, а повраќав баш до крај. Втора бременост ниииишто, буквално ништо. Ни лошење, ни гадење, ни апетит зголемен, до 42ра терав и на крај уште не ми беше тешко... мислам можев да терам уште 3 месеци Многу лесна бременост имав со второто и дај боже сите таква бременост да имаат