И бисквитите исто сметаат, барем мене лично. Јас одамна се мачам со ќиселини, сега шмукам едно до две гастрогард во денот, пак прашајте си лекар мене ми е дозволено. Да ви се придружам и јас во прво тромесечие конечно после година дена обиди за второ. 4+1 сум по менструација, од денес почнав клексани, претходната бременост пиев аспирин ама сега заради проблеми со желудникот морам да се боцкам. Мачнини де имам,де немам, киселини стандард и зголемен апетит.. И то е за сега, уште ништо не се виде на ехо, четврток сум пак можи ке се види точката
5+3 сум..прва бременост. Пијам само фемибион и чај од брусница ради бактерија во урина. Сакам да прашам дали е нормално ПОСТОЈАНО да сум уморна и да ми се лоши? Стомакот ме боли, како се да ми се меша внатре, од 2 столици во денот една е страшен запек, другата страшна дијареа И кога би требало ова да престане?
Нормално е тоа до стомакот и со диареата само кога имаш запек немој многу да напнуваш за да искочиш по надвор така мене ми кажа докторот. Јас сум 8+4 константно сум со мачнини дури и повраќање скоро ништо не јадам и стомакот ми е како балон од што не сум во тоалет појдена како што треба од што нема од што бидејќи не јадам .. навечер сум со несоница до 3-4часот сабајле после заспивам до 11-12чадот и попладне пак призаспивам 1-2 саата ... ама ќе помине период е
8+4 денес па да прашам наредна недела сум на контрола. Имам денес како некое затегање во десна страна на матка и мали како бодежи нелагодности пецкања дали има причина за паника или е нормално од ширење на матката ? Малку сум исплашена ...
Koga bolkite se neizdrzlivi ili pak pri najmalo krvarenje se odi na bolnica. Jas odev a bolkite sledi gi, napij se magnezium odmori pa ako ne pominat odi neka te vidat.
Здраво девојки следна недела закажав преглед на гинеколог , од прилика некаде ќе бидам 6 недели и 3-4 дена па сакав да прашам дали ќе може да се види плодот и како изгледа првиот преглед за бременост?
Ќе се види дури и ќе слушнеш срценце прегледот е исто како што те имаат гледано досега со вагинално ехо. Со среќа лесна и школска бременост
Јас вчера бев на доктор зошто многу ми беше лошо. Докторот мој не ми дава ни парацетамол да пијам вика дека било штетно, не ми даде ниту гастрогард, туку ми даде некои лекови кои биле наменети за трудници кои се викаат Антиметил. Му кажав дека ме боли глава многу и ми кажа да утврдам од што е дали е од низок притисок, температура, паднат шеќер.... Ме мереа таму притисок беше 120 со 80 погоден, подобар не може да биде. Ми рече докторот да издржувам колку што можам и да не се трујам со лекови безпотребно, зошто не е добро за бебето. За повраќањето, ми кажа докторот да јадам по залче на секои 10 мин да ми се смири нагонот за повраќање. Вика ако еднаш го активираш после нормално е постојано да те тера. И да јадам само она што ми прифаќа носот. Ме виде и на ехо се беше во ред, му се оформуваат рачињата и ноџињата, ептен беше слаткичко. Мајка ми ми кажа да пробам со суви овошја и ги купив сите за да видам кое ми одговара и ми одговара сува слива, мене ме смирува и не ми предизвикува киселини.
Добро, антиметил се баш за повраќање и гадење, дај боже да ти е подобро од нив, како и да е ќе ти помини уште малку, второ тромесечие е најлесното
Здраво на сите , пак јас цела ноќ не можев да спијам од Желудочни киселини и ме боли стомакот над папукот , дали некој имал ваков проблем и земал нешто да пие а да не штети на бебето?
Здраво девојки, јас сум 6+4 за сега сум супер, слушнавме срцева акција се е по книга дури и моите гадења, крчење на црева, дијареа, костипсција и се во тој дел. Сакам да прашам дали некоја од вас се храни по препорака на нутриционист и да ми препорачаете некој. Јас и пред бременоста бев со осетлив стомак а сега сум уште повеќе па барам начин да го намалам, смирам овој момент. Најмногу ми пречат гасовите кроз уста бидејќи ми прават и кнедла во грло. Фала ви
Здраво девојки, Еден мал Апдејт за ситуацијата. Вчера ја посетив докторката, кажа во ред има малку крварење и ми препиша Утрогестан вагиналети наутро и навечер, како и строго мирување. Се надевам дека со бебката ќе биди се во ред.... Ако имате некој совет било што за ваква ситуација ве молам споделете го со мене.
Јас имав мал хематом и дополнително ме боцкаат со прогестерон депо. Иако се изгуби хематомот сеуште ме боцкаат еднаш во неделата. Не знам која е причината за твоето крварење. Мирувај обавезно. Јас се лежев две недели, а си земав и боледување.
Колку долго крвареше? Прашувам затоа што веќе втор ден земени 2 вагиналети, намалено е крварењето ама не е застанато целосно.
Два дена откако ме боцнаа ми прекина крварењето. Одма отидов вечерта на дежурен кога почнав да крварам. Јас ставав кринон гел 8%, ама сега го нема никаде. Ми го сменија сега со утрогестан, 3 пати на ден ставам.