Леле луѓе не знам дали само мене вака. Јас неколку дена имам толку силно срцебиење, тахикардија, и се кога ке се стемне ми се дешава, преку денот пак натаму наваму по дома, е после тоа.. . Едвај дишам, морам да земам длабоко воздух. Не знам дали ми е од цел стрес, шо се плашев до сега, читав и дека е нормално тахикардија, ама тешко ми е..
Појди си на преглед кај матичен општ ке ти дадат некоја терапија за да се смири, не чекај само повеќе ќе паничиш.
Јас сега станувам со спиење 4саата само и да се продолжи да се спие тешко ... 8+6 веќе и откако станав ме фати шубе дена вчера се боцнав само клексан и двапати ставив утрогестан а не пиев магнезиум метил фолат и метил б12 .. да не направив некоја глупост до сега не ми се случило да промашам ден да се напијам ама вчера ми беше многу лоши со гадење ништо не јадев и пиев па затоа може заборавив .. сега кога ми текна се преплашив до коски ..
Девојчиња, некоја трудница со цревни грчеви, како се справувате? Од вчера сабајле ми е вака, де лево, де десно, како кога си преладен, такви грчеви...
Јас кога отидов на преглед 7ма недела имав хематом кој беше во фаза на абсорбирање. Ми кажа само да одмарам повремено. Сега 10та недела кога отидов на матичен го прашав дали е тука хематомот, да не ми кажеше немаше да го приметам, се абсорбира. До крај на 3ти месец предпоставувам ќе го нема.
Ништо не е еден ден ако промашиш, битно си се боцнала клексан, туку зошто пиеш б12 метил? Јас пиев пред бременост, од позитивен тест ми кажаа да не пијам
Ми рекоа да продолжам, Јани така ми кажа поради мутациите. Пред позитивен тест пиев метил фолат метил б12 и аспирин на секој втор ден, а од позитивен тест прекинав аспирин а почнав клексан. Иначе денес од пладне сум со некоја тежина чудно чуство на стомак/матка незнам ни јас дали дека не сум појдена во вц бидејќи немам од што зашто што и да јадам повраќам .. некако паника сум цела
Исто и јас пијам б12 метил. Ми рече докторот продолжуваме со истата витаминска терапија и дури ми напомена да не прекинувам.
Поради мутации се пијат метилираните суплементи бидејќи нашето тело не ги апсорбира обичните (фолна и б12) Тие витамини при мутации се пијат од пред бременост до самиот крај
Девојчиња се соочува некоја трудница со цревни проблеми, премногу заробени гасови кои ми создаваат грчеви и болка. Ќе пукнам. Магнезиум, пробиотик некако не ми помагаат баш. Ме фаќа паника, не знам како да си помогнам. Со бебето вчера беше се во ред и ја навршуваме 9та недела. Некако рано ми се чини за овие симптоми да се од ширењето на матката или притисок на цревата. Стварно не ми е јасно од што.