Ова е од хормоните што лудуваат они доведувааат до вакви промени во стомакот ќе се потсреди ама треба малку време, да се навикне организмот на новите случувања, без грижи.
Лелее, е ај сега мене во двеве бремености ми рекоа да не ги пијам, и јас сум со мутации, утре сум на преглед кај специјалист за клексаните па баш и таму ќе прашам. Туку бев кај матичниот денес пак ме гледаше на ехо и уште ништо не се гледа, ми вели можи да го има па да го снема, малку шубе ме фати а мислам ептен е рано за да се види нешто 4+4 сум по последна менструација, незнам шо очекува да се види толку рано, нурка бара а мене ме боли ме корни многу сум подуена овие дена и баш ко шо пишите со грчеви и на моменти дијареа сум, плус малово ми донесе вирус од градинка затната сум целата и грлото ме откорна и се така на куп почна на психа да ме мава
Јас како да ја разбрав на контрола сега кога ќе идам а ќе бидам 10недела тогаш па затоа викам да прашам некако ми се виде рано
Девојки, некоја со дијареа и повренени цревни грчеви во рана бременост. Што сте пиеле, што смее, што не смее, веќе не знам што да правам, ме фаќа паника.
Не пиј ништо пред да се консултираш со матичен гинеколог. За мене гинекологот што ќе ми каже, тоа и правам, не слушам секого. Мене ни парацетамол не ми дава вика штетно било.
Јас имав ден-два. Сега се молам да имам дијареа пошто со тврда столица е ужасно . Се изнакупував сливи од страв дека со многу напнување можам проблем да направам. Не земав ништо, знаев јогут баланс да се напијам. Ама варираат хормоните и еден ден може да имаш дијареа, друг тврда столица.
И јас имам грчеви, знам дека се од гасови пошто поминуваат болките кога ќе го испуштам воздухот Буквално цела ноќ се мачев и некогаш се заглавуваат и не можеш да ги испуштиш, тоа е најлошо . Не се плаши, нормално е. Особено дека примаме и дополнително прогестерон и тој допридонесува до истото.
Јади течна храна супа јогурти пиј вода . До ссега сум немала проблеми со столица јадам мн круши портокали. Исто а јогурт и млеко толо со бисквити скоро па секој 2 ден
Мене денес докторот ми дозволи Аналгин во 10та Недела, имав толку страшна главоболка што ќе се онесвестев, и потоа од притисок се изнаповраќав. Кога го прашав дали е во ред бидејќи ми рече можеш нифлам,аналгин, ми се развика дали се јавив да кажам или да прашам А што да правам кога сум загрижена и несакам да направам нешто што ќе штети на бебето и нормално е да прашам.
здраво дане знаете случајно во Вторник на Теансфузиологија кој лекари се во амбуланта за со итен упат?
Каков магнезиум пиете? Јас магнетранс од 400, прашоците шо се. Ама имам болки, и во препони и во колкови, нозе, меше..
Здраво девојки Јас се префлам од "вонтелесно" тука кај вас Моментално сум 4+4, едвај чекам прво ехо и да слушнам срценце/а па да се стабилизирам.. Кога слушнавте вие ?
Честитки, ист случај сум и јас од ивф, само 6та сум и со две. Срце слушнав на едното во четвртокот, на второто ќе има за некој ден. Со лесно да тераме