Луѓе, срамно прашање аама морам. Ме фаќаат кризи за сексуални односи, некој да збори за тоа се навлажнувам.Не се чепкам издржувам ама... 3 месеци веќе ништо со мм.. Не знам како издржувате вие ама јас едвај. Не ни бев пред тоа некој си зависник и секој ден да имаме ама сега ме маваат хормоните изглеа. Секако ке се чуваме ама како да издржам. Знам ке ме карате ама посилно е од мене..всушност и да имаме ке ми е незгодно за бебето, срамота тоа внатре а мајка му ужива..
Se dodeka e normalna bremenost mozete da imate, sepak konsultacija so ginekolog. Ke si prasas slobodno, jas si prasuvav sekogas pa imavme do 8 mesec redovno.
Имам една ситуација ве молам кажете дали му се случило на некој. 11+6 сум. Докторот сабајлево ми земаше микробиолошки брисеви, беше нежен ама јас прокрварив во тој момент и тој примети. Ми направи вагинално ехо и ми кажа дека постелката е ниско, направивме и обично ехо на стомак бебето беше нормално, го видовме си мрткаше, срцето му чукаше. Ми препиша утрогестан од 200мг. Сега кога ја ставав таблетава немаше веќе црвена крв туку само кафено. А на улошката ништо. Мислење? Ме фаќа доза на паника.
Може и од брисот да е, нели е понежно сега доле. Башка иам читано дека многу после брисеви имале крвца. Ништо не е а и чим е кафена.. Скрининг правеше или само брисеви?
Јас и кога не сум била трудна од тоа штипалката и од брисовите сум крварела, исто и од пап. Па беше малку црвена, за саат ипол дојдов дома кога ставив утрогестан и видов дека има кафено внатре. Засега само брисеви. Во петок ми стигаат резултатите од микробиолошките брисеви и тогаш ќе закажам за приска и скрининг. Докторот ме виде и вагинално и на абдомен и ми кажа дека ми е ниска постелката. Дали тоа има некаква врска? Дали имало тоа некаква врска со сексуални односи, да не се случи некаква беља?
Имав и јас криза во првата бременост и сега ама од тој ден кога дознавме дека сум трудна не сме направиле ништо ма да во првата бременост имав забрана а сега ништо не ми спомна ама не би искрено.. сепак кој има нормална бременост мислам дека не е ништо страшно ама за сигурно прашај гинеколог да си мирна До хормоните е затоа не фаќа криза.
Јас го прашав докторот, ни дозволи. Имам нормална бременост и ми кажа најнежно што може да биде, првиот момент кога ќе ме заболи да прекинеме. Не сум крварела на однос, сега прокрварив од една чепкалка за микробиолошки брис.
На почетокот кога имав сукрвица ми кажа да немаме односи до крајот. Сега ништо немам океј е се и Приска ми стигна, инаку приската на 11 +6 ја правев дали е веродостојна? Инаку не ми кажа ништо за односи дали смеам, најверојатно треба јас да прашам. Да ги поминеме брисевите и ако е добро ке прашам.
Предпоставувам дека е веродостојна зошто мене ми кажа дека може да се направи приска, најдобро би било на 2ри јануари да ја направам.
Koi se zadolžitelni ispituvanja sega, zabpraviv od pred 5 godini, a može i smenile nešto, 7 nedela sum?
Па мене наредна ми е приската, скрининг за даунов. После 20та некаде, незнам и јас точно ама ќе си следиме тука се во тек.. е скриен шеќер. Димерите мене во првите две бремености ми беа добри, а и корона 3 пати како прележав, добри ми беа. Па мислам тоа и нема да ми дадат да проверувам, зошто и за второто на мое инсистирање проверивме... Уште еден скрининг имаше исто 20-22ра некаде, ама се во тек. Ќе си слушаш матичен или доктор кој те следи, ќе те упатува тој. И јас сум 7+1, па ќе сме си заедно во тек. Има уште неколку трудници што се тука некаде со нас @angel4444 @flower55555 и уште кој беше. Куп бебиња во август
@Stela Maris @intj_girl @mariz Јас денес влегувам во 7 недела, за една недела ми е закажана ехо контрола. Колку што можев да запомнам на првото ехо (од возбуда дека слушнавме срце како во магла ми е се) мислам дека во 10 недела хемостаза, микробиолошки брисеви и тест на урина. од 12 недела натака прв ултразвучен скрининг и тие неинвазивните пренаталните тестовите од 21 недела натака втор скрининг Крвна слика контрола секој месец. До тука запомнив не ме држете за збор. Ако има некој поискусен нека пише. Со лесно да ни е на сите.
Како се справувате со гадењето и лошење? Јас сум 7ма недела и толку грдо чувство имам од се ми се лоши и ми се гади.
Уште од сега се плашам како ке го преживеам летото Со првото убав период ми се погоди од септември до мај трудна, ама ајде само нека си биди се во ред живи и здрави да ни се па ке издржиме шо се мора
Никако. Дури и сред ноќ почнав да се будам, црева ми се превртуваат... Некои суви работи ако каснам, така малку подобро ми е. Ама еве како дојдов од работа, не мрднав. Лежи, стани, ќе ми се слоши, ќе легнам...
Буквално се занимавам со истите симптоми а од тоа што имам пробано до сега цеден лимун со мед ме враќа во живот. Мастики џвакам и фишермен бонбоните кога ќе почнат "нападите" и морам да ксжсм дека ми помогнале овие работи. Пробај можеби ќе ти помогнат и тебе❤️
Дали во прво тромесечие ве испратија да испитате ддимери? Јас сум 11+6 и наредна недела сум за прв скрининг, приска и микробиолошки брисеви, е сега за друго не ми спомнаа?
Мене специјалистот на секоја контрола ми нагласува дека смее односи со заштита ама јас толку лошо се осеќав периодов едвај два пати месецот ако сме имале.. искрено како болна сум за ништо немам желба.Само ми се лоши и само уморна сум