Здраво дами. Втора бременост, но поради ниско носење почнав да крварам. На наодот пишува и дека е на преден ѕид на матката. 5+5 вчера слушнавме срцева реакција. Терапија Утрогестан и строго мирување додека се смирело крварењето. Па прашањето ми е, дали сте се соочиле со ова и како сте поминале? Има ли надеж дека ќе биде се во ред? Многу сум исплашена. Првата бременост беше баш школска, ова сега многу ме плаши.
Не се секирај само кај нас по желба се прави тоа. Гледаат докторите дали има индикација за да се испита. Еве ме мене со мутации, позади себе со 4 ивф и спонтани и што уште не, па не сум испитала ниту торч, ниту хемостаза и ддимери. Фала Богу сега за сега ок е се терам 23 недела. Обично испитуваат тие што се уште на почеток со клексани, како што се бремености преку вонтелесно.
Јас сум 12+1 и ми кажаа дека е ниско и да мирувам за секој случај. На брисеви кога ми земаа вчера, прокрварив, али се смири за брзо. И мене ми препишаа утрогестан, ми кажаа дека можеби сега е ниско ама ќе се крене бебето после ќе немаш гајле. До петок ќе го примам утрогестанот, па на контрола сум, па ќе видиме што ќе ми каже. Ако имаш крварење, одмарај. Со помин
Мислев дека подобро ќе биде вака , дека имам исцедок ми е непријатно да пикам ама деф ќе пробам и така..
Не не испитувам ддимери секој месец, пишав дека крвна слика и мокрача испитувам секој месец а ме интересираше зошто само мене матичниот не ми даде да испитам ддимер и хемостаза читам тука дека и тоа е битно
Провери си ддимери и хемостаза за секој случај. И мене со првата бременост ништо не ми препорача од тоа, па испадна после мисед дека имам мутации. Сега сум на клексани уште од почеток.
До кога ви се лошеше на тие што рано почна да ви се лоши од 6та недела? Три дена од дома не сум мрднала, станувам ноќе за повраќање, сабајле на празно нагони на шоља, мртва гладна сум, ќе каснам и ќе повратам после јадење и така цел ден. 24/7 лошо ми е Како зомби сум, не сме биле ни подароци да купиме за децава, на нозе како застанам ми е уште полошо... Пробав и со капките на база на ѓумбир, ништо не ми помогна. Гастрогард смеевме така? Уште тоа да пробам...
Јас пијам гастрогард за киселините, вчера цел ден ми се лошеше ама гастрогардо не ми помогна пробај можи тебе ке ти помоге. Јас ако не јадам на време ми се лоши, затоа по цел ден по малку нешто каснувам, соленки, крекери да пробаш по малку колку да работи желуднико па после и друга по сува храна.
Јас уште во кревет си грицкав двопек или соленки, банана, малку вода и антиметил пиев, така пола саат лежев, па станував. После леб и ајран, тоа ме спаси. Друго ништо не јадев. Манџи, месо, зеленчук, кафе, ништо. После се стабилизира полека и сега и често јадам, имам бааги апетит
Јас сум 12 недела и сеуште ми се лоши, сега на сабајле немам мачнини ама преку ден да, особено ако ми замириса нешто што не ми оди..
Земав гастрогард и антиметил. Гастрогард за киселините бил, а антиметил за лошењето. Ќе гледам пак да не ги пијам често, ама вака кога ќе треба да излезам бар да си се напијам...