Ова македонскава само за андроид е? Сакам некоја интересна да симнам. Ја имам таа кај што водев евиденција за добиено, ама некоја македонска има ли?
12+5 дали смеам да ставам во чија пудинг малини, капини, јагоди и аронија замрзнати? Прашав за чијата ми рекоа дозволена е ама заборавив за намирнициве ..
Тоа за чај од лист од малина, ама нема врска со плодот. Овошје јади си шо сакаш, со чаевите само пази.
Можеш да си јадеш се тоа. Не се замарајте многу со храна. Цела бременост ја поминав со паштета доручек па се си беше океј. Јадете се,разновидно да е.
Девојки брисевите ми се позитивни на Ешерихија и на Ентерококус. Еритромицин ми препишаа ама после 12 недела да го земам. Сега сум 9+2 Само брусница чај и промивки сега за сега. Нешто плус природно да земала некоја од вас да сподели.
Има еден чај во билна аптека Зегин. Комбинација на повеќе тревки е, мене само тоа ме спасило у животов од ешерихија. Инаку ја имам од 7годинки и секоја година ми се враќа. Само незнам дали може да се пие во бременост, најубаво да ги прашаш вработените таму, скроз се професионални. А ако не најдеш информација во Зегин, имаш друга билна позади во зградите.
Станав и уште се чудам шо да јадам а скоро време за ручек е Не повраќам ама ова гадењево ме уништи, посебно на сабајле кажете шо јадете нешто полесно, се шо јадев порано сега ми се гади, фрижидерот неможам да го отворам Ручек треба да напрам ке ми се јади ама немам идеа шо, на шо и да помислам желудников се бунтува.. Првата бременост многу лесна ми беше вакви маки немав, ама ова второво ми наплаќа и за тогаш
Немам пробано, наусолвит капки зедов од ѓумбир ама скроз минимално ми е подобро од нив. Ѓумбирот мислам лутеше, ај ке земам чај филтер кесички така?
Не сум љубител на филтер кесички, тоа све е преработено... Но ти си знаеш како ти функционира телото ^^ ја сум повеќе за свеж ѓумбир. Секое добро
Го има и како пастили? Јас кога барав, само таблетите ми ги понудија и таков пијам... @flower55555 и мене капките Наусолвит не ми помогна иииич. Антиметилот ми помага, тој е екстракт од ѓумбир кој содржи 10 пати поголема концентрација од прашокот од ѓумбир (вака пишува на упатство). Ова само во бременост може да го има... да си мртов гладен, а да немаш сласт за ништо. Седам дома мислам на разни јадења и за ништо немам стрв. Дури си викам дај мисли, оди седни некаде во ресторан и јади што сакаш.. Јок бре, ниииишто не ми е убаво А битно гладна сум и лошо ми е од што сум гладна, ама кога ќе помислам на јадење, ми се гади од јадењето Крај не ни се наоѓа...