Со повраќање сабајле на гладно сум со нагоните... и навечер Ама не секоја вечер (ваљда зависи што сум јадела). Вчера сутлијаш правев со пудинг од ванила, ај убаво ми беше конечно нешто да си каснам со желба. Арно ама после тоа растур направив (4 пати сум повраќала) и толку, сутлијаш сега нема да видам уште година ипол 2 Слатки маки...
Jas go prativ maz mi da mi kupi kroasan vcera vo 00h, otide covekot da mi kupi bozem nesto konecno izraziv zelba. Ni 5 min ne pominaa odma si povrativ.
Се надевам нема уште долго да трае... Него знам е нормално, ама пак јас да си прашам. Имам исцедок бел и водлест, нешто како во овулација што ни е исцедокот. Не мириса, не чеша, ништо. Бело густо, а околу мокри гаќите. Нормално е така?
Мене оваа ми е трета бременост луѓеее ама и претходните беа исти со првото дете 4 месеци со второто 9 месеци си повраќав а со ова еве 13 та недела е веќе. Јас пак многу западнав психички немам сила веќе само плачам се нервирам дома затворена во 4 ѕида
И мене малце ми се мокри во текот на денот. Инаку знам дека со исцедок матката се штити од бактерии и инфекции. Нешто како одбранбен систем на матката ќе му дојде.
Еее фала ти за убавото објаснување, мирна душа сега Не сакам секојдневни да ставам дека проблем ми прават, па на секое гаќи менувам
Ко јас да сум пишала исто се осеќам, лежам в кревет гладна, само шо ќе го погледнам фрижидерот ми се гади, прееска имав желба за тост со сирење и чај таа комбинација прв пат да ми падне на памет, до пола со сласт јадев после со сила и почна да ме боли желудник. Едно време ми се пријаде хамбургер му кажав на мм, после пола саат излезе од работа да ми купи остај му велам нејќам ни да го видам не па да јадам Мачно, тешко, детево не оди во градинка дома е јас неможам да станам да му се посветам, па си лежиме двајцата дури да си дојди татко му, па сега и за тоа имам грижа на совест. И да баш крајот не ни се наоѓа
Девет месеци е многу И мене ко да ме мава на психа ама се држам некако. Пиеш ти нешто? Еве јас ке пробам со Антиметил, крај краева ке прашам за Фамосан дали смеам порано ко имав проблеми со желудникот исто имав болки и гадење па со едно апче бев како нова. Читам некои го пиеле и во бременост, најверојатно е дозволен во второ тромесечие.
Ништо не пијам душо матичниов ми вика ќе помине ќе помине не треба ништо и знаеш после кога ќе ти рече доктор така не се осудуваш да земеш ништо
И јас неможам ич секојдневни. Ги користев на последен ден од добиено да не се потам во другите. Сега само еднаш ставив кога бев на гинеколог од гелот што става на сондата да истече на секојдневната и фрлам после. И како за ,, утеха” од искусни што поминале бременост и цела бременост ќе си бидеме мокри Туку ова со јадењето. Јас од најстрвно суштество со 50 кила на 175 висина, уста не ми се отвара. Не ми се гади, не повраќам до сега фала богу, ама па и ич не ми се јаде. Јадам онака насила за да не седам гладна. Сабајле на работа зема колегата бурек со павлака одозгора, едвај пола изедов. Предходно цел го лапав и уште можев. Дома исто. Барем салата можам да изедам и некоја мандарина. Ама и тоа дека морам, не дека сум гладна. Ај кога ќе се разјадеме понататака, па да не плачеме дека сме мечиња направени
Абе неможи така, не се трпи ај пробај со Антиметил ете сите ги пијат на природна база се не штетат. Тој матичниот очигледно врска нема па затоа така ти вели, јас мојот уште го немам прашано ама сигурно дека нема да ми забрани.
Мене матичниот дури ми рече и реглан можи ама мене тоа ми беше некако шубе бидејќи сепак регланот е лек хемиски во состав, инаку и да одиш во аптека прво што ќе ти дадат е Антиметил незнам зошто твојот матичен ништо не ти кажал, можеби баш ќе ти ги олесни симптомите..
Го видовме малото зрнце грашок Четврок ќе слушнеме Докторката рече дека е многу убаво позиционирано и дека ќе биде убава бременост. Дај Боже да биде се во ред. Маж пресмешен. Вика абе нели одозгора се гледа, зошто од внатре те гледаше Па уште вика а кога ќе знаеме што е. Викам може и до 7 ми месец да не се види ако несака да се покаже хахахахаха Превозбуден е. Со докторката беа повозбудени од мене. И вика на др. тешко мене И она вика абре она е супер, види како да не е бремена се однесува