А предходно проверуваше? Другарка ми имаше на 5+1. Бета хцг пред 8 дена ми беше 1070 незнам само од нешто се паничам
Рано е на 5+2. Овс ти ако ти си гледаш на некоја апликација , не се ослонувај на тоа. Точно кога настанала бременост апликацијата незнае. И ние уште чекаме, ама само позитивни мисли.
Сега со третово на 6+3 еееееедвај активирано срценце, дури матичната ми рече ова вика сега деновиве активирало. Не можеше ниту да го фати убаво да го слушнеме, а на екран пулсираше ептен видливо дека мало. Па да не му ја мислам пак бев 7+ недела приватно и тогаш убаво се слушна Со првото детенце на прв преглед немаше срцева, во 5та нед. Па во 7ма бев тек. Со второто во 5та нед, ниту плодче немаше, точка сакусче само. Па за 2 недели кога бевме, имаше.. Колку мм е плодчето, пишува на извештај, сликичка?
Na 4 +2 нема.. 5+0 нема .. 5 +3 исто... нема плод..6+3 и плод и срце ... сеуште е рано..ти посакувам лесна бременост
И јас знам точно кога останав бремена иако по природен пат.. мн рано имавме односи ама кога телото е чудесна работа не се знае кога настанува имплантацијата....ќе слушнеш ама за 1 недела оди..т.с можеш и 10на денови , иако е мачно чекањето
На 5+3 видовме само жолчно ќесе и сакус. Препорака на докторот беше после две недели да отидам за срцева акција. Срце чувме на 7+3 . Знам како ти е со чекањето меѓутоа сеуште нема простор за паника
Трпение мила. Еве и јас денес бев , го измери и пресмета дека сум 6+1, според апликацијата мене ми даваше 6+6. Ми кажа за некој ден ќе има срцева реакција, ама да не те малтретирам да доаѓаш пак неделава, за во понеделник ми закажа преглед и тогаш би била 6+6 и ќе чекаме
Без грижа и само смирено, ќе слушнете за некоја недела, кај сите е различно зависно кога настанала имплантација. Само биди позитивна и верувај.
Смири се миличка, еве и јас сум со инвитро, 5+3 со бета 8500 видов само сакус, немаше ни жолчно ќесе.. 6+2 имаше плод без срцева акција, 7+1 слушнавме срценце Девојки денес сум 9+1, се си е супер После прегледот имам кафен исцедок, немам болки.. дали е од вагиналниот ехо преглед? Инаку малку беше исцедок и само на првото бришење имаше на тоалетот после тоа не