Девојки на 12ти правев тест и имаше ептен бледа втора црта. Од тогаш наваму правев тестови и си беа позитивни. На 11ти имав розев исцедок и 2дена кафеав исцедок мислев дека ми има дојдено. После тоа се беше во ред, сега пред малку на тоалетната избришав како светло розе, кремаво такво нешто. Од претходни искуства кога имам таков исцедок не ми е успешна бременоста Се изнервирав. Инаку позади мене имам 3 спонтани и една уредна бременост пред 2 години. Примам клексан по 2 на ден, метилирана фолна и метилирам б12. Утре си одиме за Мк, а преглед имам закажано на 02.02 дури. Ќе прашам дали порано би ме примиле, ама сега ме фати паника и стомакот ме наболува по малку...
Jas pijam metilirana folna, femibion prenatalni i ponekogas plus d i vitamin i b12 posto mn malce ima vo prenatalnite
Јас пијам премама, метилирала фолна 1000, чист магнезиум, селен, Д 2000ИЕ, Ц 1000, омега 3, пробиотик 2 на ден. Ова ми е постојана терапија, откако останав бремена само додадов метилирана фолна, по препорака на гинекологот. Ти пиеш нешто?
Денеска бев на прва контрола. Според менструација 5+2, ама ништо не се виде на ехото Докторката вели сигурно е многу малечко, ама мене некако ми е неверно што ни точкичка не се виде. Ми закажа за една недела и утре да направам тест преко крв. Друго од пред два дена си имам бледо кафеаво, кремаво повремено на бришење. Само ми е страв да не е некоја вонматерична. Некоја како мене во таа недела да не се има видено ништо, да ме утеши?
Кога планирате да почнете да споделувате за убавава вест, барем на најблиските? Ич не знам до кога да чекаме..не се издржува.
На најблиските дома (свекор и свекрва), одма им кажавме, ни на ехо не бев. А на другите блиски веќе кога слушнавме срцева реакција. Сега веќе кажувам и на пријатели, колеги итн, 10+6 сум
Ние споделивме со родителите после првата контрола кога слушнавме срце. Неколку најблиски пријатели кои ни се подршка низ сите инвитра години наназад беа во тек од сам почеток од позитивен тест. На сите други здравје после прво тромесечие ќе кажеме.
На нашите и кумовите бидејќи сме премногу блиски штом видовме точка на ехо. Утре сме за срцева реакција и ќе споделам каде мислам на блиски, а другите спонтано ќе дознаваат. Кумата на прв домашен тест споделија на сите. Секој како сака прави.
Луѓеее... 9+2 на гадењата им нема крај ,ништо не ми прима организмот .. енергијата ми е на 0 .. само спијам Го чекам денот да помини и да почнам да уживам малку мн сум истоштена и 5 кг ослабев моментално имам 49
Ооооо зар толку трае ова? Јас скоро 7 ма полна и се почна сега пред некој ден. А баш си реков јас сум супер, алииии да ми се гади од се. Среќа еднаш повратив само, ама гадење постојано. Сензитивна на миризби ауууу…. Без душа во мене сум. Незнам како утре ќе отидам на преглед и назад. Немам опција друга освен сама да идам…
Трај мене од 5 недела и сеуште , секој ден се надевам на подобро ама нема ни п од подобро.. нз како ќе се турка и до кога
За жал, бајаги знае да потрае. Обично демек до 14-та престанува, ама како што ги читам во темата Второ тромесечје некои си имаат и до покасно, некои и до крај. Мене апчињава пет дена супер ми делуваа, од вчера пак многу гадење и лошење осеќам, немам повратено откако ги пијам, ама ете, пак имам лошење. Исто и кај мене од 5-та почна.