Čaj ništo, voda ladna probano isto ništo, sok i jogurt nekogaš ok, nekogaš ne. So prvoto do 5 meseci so hranata se mačev ama vakov problem nemav..
Девојчиња, дали на некоја гинеко. и дал да прима/пие утрогестан во оваа рана фаза од бременост? Која е ползата?
Причината кај мене беше крварење на почетокот на бременост и хематом. Главната причина е задржка на плодот бидејќи некои жени имаат низок прогестерон во прво тромесечие и да направат превенција од спонтан. Секако има многу други причини за спонтан за кои прогестеронска терапија не помага и не е гаранција за успешна бремемост. Мене ми ја прекинаа терапијата во 12та недела и се тоа е индивидуално. Според мене немаш штета да примаш утрогестан во бременост, само бенефит.
Знам дека сум досадна, ама стварно се нервирам. Овие денови нонстоп имам кремаво-кафеав исцедок Тие што поминале низ оваа знаат како се чувствувам. Искрено ми се плаче и немам надеж дека ќе биде добро. Секогаш кога имав таков исцедок имав спонтан! Сега уште не го ни видов на ехо, јас веќе сметам дека лошо ќе заврши. Знам дека има многу успешни приказни и со кафеав исцедок и со крварења, ама сметам дека не сум од тие среќните. Примам терапија, пијам и Дабростон 2 на ден ама ништо. Ќе ставам слика, за тие што поминале низ исто дали волку многу сте имале исцедок. Се извинувам однапред и кој е осетлив нека не ја отвара сликата, ќе ја ставам во спојлер. Спојлер: Исцедок
Девојче златно без паники се е нормално и ќе помини , кај мене беше покафаев па се повлече примам вагинално утрогестан.. Каков спонтан главата горе и позитивни мисли
Мајки бев на преглед денес прв, по позитивниот тест и знаете што виде Близначка бременост ама едното ќесе има бебе фала му на Бога со срценце а во второто ќесе празно нема ништо, незнам дали на некој така му се случи Што ќе биде со тоа ќесе празно како ќе излезе И утре имам анализа на д димери, хемостаза, антитела и мутации во трасфузиологија дека во првата бременост примав од 7миот месец клексани, барав кај Јани ама го нема како доктор да се бира туку друга некоја Ве молам кажете ми акознаете за овасе
Најпрво честиткиииии, да си имаш лесна бременост до крај. И кај мене еден сакус беше празен, не се грижи истиот сам од себе ќе си атрофита и ќе се исфрли.
Девојки сали некоја имала микоплазма во бременост. Немам мир веќе какп поминавте во бременоста имаше ли последици на бебетп . Резистентна е на сите леково шѕо се пијат во бременост ве молам за помош
Аман веќе и јас еден ден супер се другиот ден никако а веќе 15 + 3 сум. Страв ме фаќа дека и оваа бременост ќе ми е 9 месеци со повраќање како и претходната. Леле само тоа се молам секој ден да ми се смири ова гадење и повраќање
Ооо јас пу пу пу да не се подречам ама арна сум. Јадам…сега не јадам се ама јадам. Секој мирис ми смета, од цигари, алкохол, омекнувач, парфем, дезодоранс….многу мириси не ги можам. Знае да ми се згади ептен , ама кратко трае и само на гадење останува.
И јас се молам да престани еден ден, а со првата бременост воопшто немав ваков проблем ни еден ден, шо ќе беше ова незнам главата тапан неможам да станам од кревет, мртва гладна неможам да јадам...
Јас 13 дена немав повратено, ама пак ми се лошеше и гадеше на моменти. Е, сабајле црева истурив. И јас тие што ги пијам кога делуваат, кога не.
Јас никако не повраќам ама гадењево ме мачи, буквално ми врие во желудник па си велам барем да повратев ќе ми олеснеше..
Е па, мене така 3 дена ми вриеше, и баш си помислив ова пак се враќа, апчињава не делуваат. Буквално од преголеми болки вчера сум заспала во 21:00. Се разбудив кај 2:00 и се напив апче (препорака на моиве во упатството е пред легнување да се испие), ама сабајлево едно станување од кревет и одма ми се слоши, знаев дека ќе повратам и бидна.
Исто. Парфем веќе 2м не ставам, а омекнувачи бебешки зимам, најнежно што мирисаат... Буквално се што мириса, лошо ми мириса Најдобро никаков мирис во моментов, како во коронана што бевме.. е така да не осеќам ништо, најарно Јас вчера и денес добро сум, а завчера цел ден повраќав. Вчера топ, денес до сега исто сум супер. Нит лошење, нит гадење, нит тахикардија и задишување Едино мирисите што ми сметаат уште. Ама како што ве читам дека и по денови пауза може да се врати лошењево, не се радувам 11+5 сум.. Пукнав со ногава, ограничена сум и по дома да се движам.. кај и да е лудило ќе ме фати. Четвртокот имав преврска и не беше сјајна ситуацијата, лееше крв повеќе отколку на самата интервенција во понеделникот. Пак имам гази и завој изнамотано и денес сабајле гледам пуштено има крв до горен слој на завојот Понеделник пак преврска, се надевам нема да пропушти скроз завојов.. И многу грозно ми изгледаше прстот, како со сатарче удрен...
Јас девојки и психички многу попуштам со ова гадењево и повраќањево. Значи не сакам никој да ми доаѓа да не разговарам со никој дома затворена во 4 ѕида. Само на глупости мислам и плачам за најмала ситница ако ми текне на нешто без врска. Хормониве милион значи. Не знам до кога ќе ми е вака ама многу ми е тешко