Те разбирам потполно. Иста бев и уште сум така малце дистанцирана. Знаеш колку неотворени вибер пораки имам? Не ми се збори со никој. А за гадењето мислам дека лек нема. Едино од антиметилот да е малце подобро ама не е решение.
Ми ѕвонат колешки роднини да ме слушнат знам ништо лошо ама не можам со никој да зборувам не сакам едноставно тешко ми е од повраќањево и готово Мене од ништо не ми е подобро што организам ќе беше овој мојов си викам страшно нешто. Мириси никакви не можам да поднесам на прашоци омекнивачи парфеми што да ви набројувам веќе не знам Добро што ве имам овде да ви се пожалам и поплачам
Ела да си поплачеме… Мириси никаквиииии….од се ми се гади. На секое отварам прозор зошто ми мириса, неможам да поднесам ништо.
Исто сум и јас.. ни некој дошол ни сме пошле од што мене ми е лошо се ми смета никој и ништо не поднесувам. Мм најмн ги трпи последиците ни јадење правам ни ништо се ми смета и миризба и се..
Исто и јас маж ми и свекрва ми се осудени дома и плус двете девојчиња. За нив најмногу ми е тешко што не можам да им посветам многу внимание ама што да правам кога не можам
Иста сум, особено неделава зошто неможам ни во двор да излезам, а таман па не ми е лошо. Ногата дека во многу завој, ни во папуча не ми ја собира.... а по дома што се движам ми се укочи вчера дека газам на пета. Маж ми оди само прва смена, свекор и свекрва сите исто само прва смена. Децава се со продолжен престој во школо. Цел ден сама, а неможам ништо да направам Туширање едно ми е научна фантастика... Ќе помине ногава, може пак ќе почне да ми се лоши Сакам да одам и до продавница раат, да си купам што сакам. Го праќам маж ми со список и се враќа со нешто заборавено, нешто погрешно купено Ама ај ќе има подобри денови, јаки сме си ние
Здраво и од мене. Денес 11+2. На почеток мачнините беа постојано и од се, последнава недела само ако не сум убаво спиена. Болки имам повремено, иако на почетокот беа постојано и неподносливи. Сега остана болка само во левиот јајник. Ако кивнам лошо, цел ден не се намалува. Пијам дабростон по два пари на ден, имам препорака за два пати магнезиум ама многу ми е мака од него и ретко го пијам. Ако имате препорака за магнезиум, а да не е прашок споделете. Ми сметаат мириси ама па без проблем јадам се. Спијам на стомак и веќе почнува да ми смета, мешето се познава. Сакам да земам перница за трудници, па ако имате препорака каде и тоа ве молам пишете ми. За мачнини она што мене најмногу ми помогна, а знам дека не треба е голтка, два кока кола. Секако не пијам многу, а мислам дека тие две голтки не му сметаат на бебето.
Здраво и прво со лесно! И јас не поднесував и претходно магнезиум во прашок, но овој на др. Витон ми е ок, како течност е. Кај нас по аптеки го даваат и на парче, можеш да го пробаш дали ти одговара. Поздрав
Оооо имењачке, ние сме тука некаде заедно Јас сум 11+5 денеска Инаку и јас кока кола знам да пивнам и пола чашка. Обично и онака не сум по кока колата ама не сум помислила дека не смее... не е често, ама знам да се напијам баш за грчевиве и макиве со стомаков... Јас сум па и стандард со нервозни црева, плус скроз интолерантна на лактоза. Веќе со години без лактоза терам. Овие неколку дена јогурт многу ми се пие, а тој без лактоза не е убав Порано со апчињата ензим лактаза ќе си каснев или пиев производ со лактоза. Сега незнам не ми се ризикува во бременост да ги зимам... па пијам јогурт и офкам до вечер од грчеви
Магнезиум Jamieson, ми ги препорачаа од аптека и со нив терам. На почеток пиев магнезиум директ и не ги поднасав. И мене ми беше многу лошо од се, не јадев ништо, барем не се поправив хаха. Инаку и од дабростонот можно е да ви е лошо, секако после 12-та недела би требало да престане гадењето. Барем кај мене така беше. За ништо не ме фаќа стрв освен за кока кола која скоро никогаш и да не ја пиев претходно. На почеток и јас гледав да ја одбегнувам ама сега веќе 35-та недела бидејќи се ми е во ред па се опуштив и си ја пијам Издржете до 12-та недела со гадењето знам дека е тешко ама после е раат
Со лесно пред де. Пиев и по цело мало шише , ми беше подобро од неа и ја пиев. Магнезиум си земав во форма на таблети. Директ кесичките не ги можев никако. И јас си имам од време на време болки, али ќе помине. Имај убава и лесна бременост.
Од домашно лекување, завршив со бронхопневмонија, 4/5 недели сум отприлика бремена, почна со поткашлување, па убаво кашлање, однеделата до тт, правев вчера крвна слика срп 106, леукоцити 17, железо 2.5. Матичната ми препиша панцеф. Бев синоќа и на инфективна клиника бидејќи ме фати болка од десна страна на градите неможев земам длабок воздух а ниту да кашлам од јаки болки како нож во градите да имав. Ми дадоа инфузија со антибиотик на инфективна,и плус сумамед. Насабајле 1 апче сумамед навечер 1 апче панцеф. Ќе се предозирам од антибиотик. Незз дали да пијам едни или како што ми кажале на инфективна, во рок од 12 часа испив 3 антибиотици, да не завршам после со лежење таму ако не ги пијам. Аман веќе од овие вируси и бактерии. Се плашам од толку мн антибиотик а почеток на бременост ми е
Јас сум 8 недела и имам бактерија во мокрача. Ми даде цитерал. Поарно цитерал отколку да дојде до спонтан. Си почнав од денес да ги пијам, плус брусница чај ќе си правам.
Едвај чекав 5.02 за првиот скрининг, само што ми се јавија да ми преместат за една недела покасно. Уфф, аман.
Јас сум денес 12+1 и поради бактерии почнав пијам Еритомицин плус Лактогин. Дали ти правеа антибиограм? Да прашаш уште еднаш за Цитералот, мислам дека не го препорачуваат во првите три месеци од бременоста. Мене матичениот гинеколог и ИВФ докторот ми кажаа Цитерал некако.
12+3, апетитот ми е страшен неколку дена Колку што не ми се јадеше до пред 1 недела, сега толку ми се јаде. Вака ако продолжам, 100 кила ќе се направам Што да превземам... Кажувајте некоја страна, нешто.. каде има нискокалорични оброци....
Mене на ехо ми виде бактерија во мокрача и ми рече не можеме ништо сега, тек после 12 недела. Имав крварење од државна не најдоа причина рекоа се е во ред, од матката може да е. Можно е од бактеријата во мокрача да се дојде до спонтан?? Во шок сум пошто така ме остави..
Само мојава ли ми тупна цитерал во 8 ма недела за бактерија???? Па јас испаничена дека ми кажа дека може до спонтан да дојде од бактеријата веднаш почнав да пијам. Немам мир во себе, да не му е нешто на бебето. За мене што сака нека биде, само бебето да е во ред.