I vikam na matičnata ako ja vidam na porodjaj ne ragjam, čekam druga smena hahaha Netačna definitivno
Од 14-та се влегува во 4-ти. Не знам, по мое 11+1 си е 11-та недела, оваа докторка кај што сум сега таман си рачуна. И на нет кога кликам, вака ми дава, иако некои 11+1 ја рачунаат 12-та.
Според мене и матичнио 11 полни недели плус 1 ден значи 12 та недела почната, а според специјалист 11та ме водеше, незнам секој различно си рачуна ама пак си велам по некоја логика ко ќе е наполнета неделата значи одиш на следна бројка, ко научна фантастика ова
11 полни недели и 1 ден од 12та нед е.. Е сега сите доктори различно рачунаат. Мојата скрининг ми закажа на 11+4, така да она ја рачуна веќе дека тоа е 12та нед...
Според апликацијата која си ја користам на телефон а и според тоа како ме водат докторите, 11+1 е 11 недела, во 12 влегуваш дури откако ќе наполниш 11+6. 4ти месец почнува во 14 недела.
90/60 притисокот ми е... а станав со главоболка сабајле која уште трае и си реков сега чекај да мерам. Освен со кафе, со што најефикасно можам да го кренам? Секогаш ми е 120/70, 130/80.. ова ми е пренизок за мене..
Ми се качи малку.. 100 со 65, ама главата уште ме боли многу... Болка од позади накај уши и накај очи што доаѓа... Како се исправам и наведнам во стоечка положба, бетер ме стега. Се масирав сама на врат малку, па ќе легнам во темно да затворам очи малку..
Јас се мачев до скоро со низок притисок, матичната ми препорача супа од петел, сирење, електролити со било шо од ова ми се креваше до 120 шо за мене е таман. Туку јас дали шо лежев до скоро,сега ми дојде енергија зедов да чистам по дома ама за многу брзо се заморив, почна да ми се врти, срцево забрзано да ми чука па пак си се вратив во кревет притисок арен ама јас ко зашеметена..
Без преоптеретување, и јас се утепав од спиење и сега брзо се заморувам. Имам изгубено кондиција ептен. Заборави на турбо чистка. Лека полека. Па јас коа ќе се заморам почнува и да ме сече доле па морам да си прилегнам да спружам нозе. Инаку јас сум со 100/60 притисок цел живот. Сеа ми се спушта уште повеќе, 80 со 50 ми е рекорд ниско што имам измерено у бременост. А ми беше скроз неарно и викам што се дешава ми се крена притисокот ли... И коа што да видам. И така со солено и кока кола до нормала си го качив.
Јас во првата бременост понекогаш висок имав до 140 150 ама мислам 1 недела ми беше така па ми се среди а со втората и сега со третава ептен низок ми е. Многу ми се спие и немам баш енергија и дури се задишувам по скали кога се качувам а главоболки имам само од позади мислам така тапа некоја болка и знам тогаш дека притисок ми е низок