Имате некои влечења и болки околу папокот? Два дена ми се јавуваат, а посебно кога ќе испијам повеќе течност или се најадам убаво. А исто и коската напред горе (баш под стомакот) кај вагината ме приболува 11 недела сум
Околу папокот не сум приметила, ама долу стомакот да. Си се шири матката, тек ќе заболува. И јас сум 11 та, дури и ми е нелагодно да прекрстам нозе.
Девојки јас сум 13+3, од горе (кај желудникот) до доле ме боли стомакот како да ми се тегне ластик Веќе почна и баш да ми се познава буквално од горе до доле заоблено мешко
Здраво жени. Дали во прво тромесечие се испитува инсулин? И дали на клиничка биохемија за инсулин прво треба да се отиде да ми закажат па после да отидам на закажано? И уште нешто имам закажано на ендокринлог, кажете ми информативно кои хормони се испитуваат овој период?
Мене ми рекоа дека хормони не се испитуваат, е сега, ако си со вишок килограми, ендокринологот ми рече во 28ма дека сум требала да проверам тримесечен шеќер и скриен шеќер со оптоварување во 15та недела чисто превентивно. Испитав тримесечен покасно и беше супер. Зборни си со гинекологот да видиш што ќе ти рече тебе лично
Јас испитав одма кога останав трудна зашто во првата бременост имав гестациски дијабет. Дали имаш некакви индикации за испитувања хормони? Ако да консултирај се со матичниот гинеколог. Ако не не би требало хормони да испитуваш. Евентуално да прашаш дали тироидните да ги испиташ. По регулар процедура нема испитување хормони.
Не сум со вишок килограми и избегнувам шеќер, но имам слушнато дека во бременоста и тие што немале проблеми со тоа знае да се јави. Оа затоа ме интересираше превентивно дали да си проверам и кога се прави тоа. Фала ти
Тироидните ми рече се проверуваат некаде во 10 недела ако не се лажам. Ајде кога ќе идам на ендокринлог ќе ја прашам за овие работи. Фала многу
24та недела од бременоста се прави испитувањето за гестациски шеќер. Освен секако ако имаш други индикации, па порано да е. А тероидна, секако кога сакаш можеш да ја испиташ, ем ради реда, ем ако си имала дисбаланс. Таа мора да е испитана и во контрола во текот на бременоста зашто доведува до дегенеризам на плодот.
Здраво, на почеток од бременост сум, а син ми има како мали пликови на рачињата и ги чеша секое сабајле, бевме кај неговата матична не беше сигурна дали е коксаки или алергија дека само на дланките имаше, а сега приметив има и по две три на стапалата. Ве молам доколку е коксаки дали некоја мајка имала искуство и дали е опасно на почеток за бременост, ептен сум преплашена.ве молам за искуство :/
Мене ми даде да испитам ама на биохемија немаа реагенси и за овој месе одтавивме. И ми рече да не претерувам со благо.
Директ. Јас бев со еден упат за онаа целосна крвна слика, а другиот беше за инсулин и тироидна, ама немаа реагенси, па сега овој пат ако имаат ќе проверам.
Мене ми рече фолна-метил од 400 да земам дека претходно од 1000 пиев ама има утнато само фолна сум купила сеа се мислам дали да си ги пијам тие род 1000 и имам Прегнатол од 600 и клексан па сега и со утрогестан почнав и магнезиум
Ако имаш мутации обичната фолната нема ни да ти ја искористи организмот, затоа треба само метилфолат, односно активна форма на фолна и тоа 1000.
Здраво, дали ми е доволно да пијам само Femibrion 1 во првото тримесечие или треба уште нешто, уште немам отидено на преглед а сакам да почнам со суплементи?
Ако немаш мутации доволно ти е. Ако имаш мутации треба дополнително метил фолна и метил б12. Инаку според мое мислење премама имаат плус дха, омега и се побогата формула од фемибионот. Секако твој е изборот