Ќе си пишеш тука, па ќе свртиш на убавите теми низ форумот. Па читкај си убави работи за бебе, бременост и слично. Еве мене така ми поминува времето и ми е преубаво. Кога ќе ти текне на лошото , пиши тука и ќе си олесниш.
Ти благодарам се надевам дека и кај тебе е се во ред па да уживаме сега дека среќа ќе имаме сега, инаку која недела си?
Мора да се надеваме, дај боже да биде се како што треба. Тука сум и јас отприлика како тебе, може некој ден плус да сум, зошто апликацијава различно ми покажува од докторот што ми кажа.
И кај мене според апликација сум 7 инаку според доктор порано вели дека можно е покасно да се зачнало затоа и ми е страв да не испадне како претходниот пат инаку која апликација ја користите ја имам две симнато мој календар и мамма
А дали пиеш терапија за штитна? Антг е еден од антителата за штитната, покажува за хашимото, има уште тој друг атпо, мене 2 се покачени мн мн, и хормоните не ми се добри
Јас го користев, сега купив тоа ново како сенка е од палет, а чекам барем да влезам во 4 месец здравје па ќе се фарбам со фарба без амонијак, не се издржува со белите влакна
@mariz последно кога бев 7ма недела тсх ми беше 7 и ми покачи на 125 еутирокс Ми пиша упат за лабораторија, крвна урина антитела д вит калциум и сите 3 хормони и си проверив, повеќето беа лоши, е сега после 3 недели пак ми даде упат ама без антитела и фт3 а сите други пак, дали така оди секој скоро месец да си вадам ваква крвна слика? Незнам зошто не бара само хормоните
Мене последно па само тсх и фт4 ми испита. А денеска сум на контрола, ќе барам целосна крвна сама за да видам и железото како ми се движи без пиење на пренаталните. Ги паузирам 2 недели, дека 33 ми се качи железото...
Пијам да, еутирокс 25 пред бременост, сега пијам 50. Анти ТПО се за хашимото, анти ТГ повеќе се тумор маркер за тироидна.
Атг до 4.5 мене е 44.8 Леле тоа значи дека има некој тумор на штитна? Јас ништо не разбирам што е антг а секогаш е покачен има гпдина ваков е а за атпо над 1300
Не мора да значи, цисти веројатно. Мене ми е околу 20 анти ТГ, анти ТПО немам воопшто, затоа ми рекоа дека не е хашимото, а цисти ми се појавија.
Ќе те карам, немаш никаков тумор, најверојатно променета структура на штитната, или циста, јазол. Не читај сега за ова по интернет ќе наидеш на свашта. Само се стресуваш Еве јас имав 35 ТГ сега ми е 3. Немој одма со црни сценарија. Слушај доктор, па скоро секоја е со терапија и повисоки антитела, ако беше тумор немаше витамини да даваа за покачени антитела.
Да со вагинално и ми рече до 12 недела така ќе ме гледа. Дури кога го прашав дали со вагинално или со обично ќе ме гледа, ме погледа во смисла неосновани стравови имаш, се шират непотребни муабети.
Мене во Систина од прв ден кога кажав дека сум бремена ме гледаат со обично (абдоменално или како и да се вика) денес идам кај мојава ми вика ајде соблекувај се ја знаеш процедурата ... дури се зачудив искрено ... не ми беше сеедно и баш кога ќе идам во систина ќе го прашам докторот...