За малку и јас немаше да го видам... Колку што читав во темата за автоимуно, плакенил бил дефицитарен, го барале низ цела Македонија. Побрзај да одиш на равматолог, мислам дека и од трансфузија можат да ти дадат упат за реума.
Можеш и орално ама повеќе имало дејство ако вагинални се ставаат. Мене мислам дека ми влијае на нозете како да ми вријат да ме чешаат неможам да спијам миса дека ми е од него како во волна да сум навечер ту ладно ти топло дали и кај вас е така дека слушав имало нус појави ама орално ако се зема
Јас приметив дека ми отекоа нозете на препони, мислам дека ми е од утрогестанот вагинално кога го ставам, зошто кога не ставам некој ден ми се смирува.
Мене ми трнат, ме фаќа па ика на сред спиење нз што да правам кога му кажав на гинеколог рече како досега никој не се жалел и да си трпам на тебе дали ти сменија некој др да ти дадат
Јас тогаш комбинирав со боцкање Пролутекс, па некој ден не ставав Утрогестан. Сега дека веќе не се боцкам Пролутекс, почнав да пијам Утрогестан навечер. Не осеќам ништо сега, а местото уште ми стои како отечено малце, како некоја опекотина дури. И мене ми трнеше местото.
Имаш ли крварење? До кога треба да се користат, дека една опаковка за еден недела оди јас ставам наутро и навечер само нз дали треба под саат или нема врска
Немам никакво крварење фала богу, јас ин витро правев па тоа е стандардна терапија (еден Пролутекс на ден и 2х2 Утрогестан вагинално навечер и сабајле). Мислам дека нема штета да се прима дополнително прогестерон, па ќе си ги користам и понатаму. Е сега намалив Утрогестан, само навечер ставам, а сега пробав да ги пијам зошто стомакот ми е поголем и не можам да ги ставам убаво вагинално, а прстите ми се кратки
1 цм е околу 7 ма недела негде. Не се фаќај дека си точно 6+3. На сликичката секогаш стои +-6 дена и неможе точно да се знае кога си останала бремена , за да се пресметаат неделите + деновите.
Здраво на сите Кажете ми нифти тест се прави во 10 недела така? И некоја која го правела да ми каже колку чини и каде го има правено. Фала однапред
Во 17 недела, многу се мислев, сакав да се боцкам уште, ама наводно немало потреба веќе, па сега само Утрогестан пијам. Прашав доктор да.