Тоа е за жал, се доведовме до таа ситуација да не веруваме на ништо што е во Мк. Таква ни е ситуацијата за жал. Фала ви на одговорите жени.
Според мене и најбитен е скринингот, затоа тоа најдобро да го прави доктор кој е баш стручен во тоа поле и да се побараат до 3 мислења доколку нешто е сомнително. Ако нешто има, уште на ехо ќе се види.. па понатаму да следуваат плус испитувања...
Истото мислење го делам, на скринингот се гледа буквално се, а тестот е само некоја дополнителна сигурност. Но нели лабораториите мора да заработат нешто, а ние сѐ би направиле за да бидеме сигурни во здравјето на нашите бебчиња и би дале колку и да треба пари.
Прочитајте во темата за неинвазивни пренатални тестови има доста искуства со тестовите. Една членка дури составила и листа на лаборатории кои ги прават тестовите, со типот на тест, цената, времето за чекање на резултати и во кои држави се праќаат примероците.
Да, читам баш сега. Сите различно кажуваат, не може да се донесе заклучок од коментарите. Позитивни и негативни коментари има за разни лаборатории и тестови. Најверојатно ќе треба по сопствена интуиција да си одлучиме каде и тоа е тоа. Дај боже сѐ да е како што треба. Инаку од таму сега пак дознав дека некои доктори, меѓу кои и Димчев им сугерира никако тест пред скрининг Прво скрининг, па ако има индикации дека нешто не е во ред, тек тогаш тест. Уште поголем хаос во глава да ни се направи.
Не те сфатив поради кои причини не си го одбрала, ај те молам појасни ми. Што има врска адресата на фирмата со твојата одлука?
Приска давала често погрешни резултати и многу луѓе од памет ги има извадено. Затоа некако не ми се прави. А тест ми рекоа да правам во 10 недела пред скрининг, тогаш се правело. Така барем мојов доктор ми кажа, веќе немам ум.
Така ме убедуваше и мене докторот. Му реков до прв скрининг ништо не правам. Бебето на скрининг беше супер ама сеуште ме убедуваа дека треба тест бидејќи сум речиси 35 год. И имало голем ризик ради годините. Приската ми беше ок, ама они упорно ме тераа на нифти. Кога кажав дека нема да правам затоа што годините за мене не се ризик, ми дадоа упат за амниоцинтеза во 15та недела. Ги сменив, бев на преглед кај нов доктор и конечно сум мирна. И новата докторка ми рече ради годините мора да ми предложат ама мое е дали сакам или не.
Мене овде не ми се исплаќаше да барам повеќе мислења. Еден скрининг е најмалку 140€, приската е 40€, овие работи и на државно да одиш, не ги покрива здравството, сам си плаќаш приватно, дури и во државна болница да одиш за скрининг. А, цените и до 250€ варираат. Иако скринингот беше добар, приската беше малку шашава, па и ради годините и за мирна глава направив пренатален.
Епа погоре дека така имаш пишано, нека не се шират дезинформации ако ако нема сигурна потврда. Во врска со муабетов дали би препорачале некој доктор за скрининг на ГАК?
Не знам на какви дезинформации мислиш. Ако мислиш на цените, баш затоа што ги ставив во евра, мислев појасно ќе биде дека не живеам во Мк. Башка и имам спомнато низ темиве.
А ти си пишала за кај тебе, сега убаво видов. Мислев цениве за тука ги збориш, па се зачудив затоа, не сум те прочитала убаво. Извини
Еве каки тестови има и каде се прават нз само колку е вистина сето тоа за ценовник мислам нема кој колку кошта
Panorama, Qualified, CentoNIPT се работат во странство, сите други во Македонија. Veragene го работеле во северен Кипар (така слушнав).
Не станува збор за адресата,туку за тоа што Нифти кај нас во мк.ги работат резулатите.Не си ме разбрала убаво.