На золва ми девер и правеле и ги извадиле од памет со резултатот и одма закажале абортус, сепак покажало позитивно на скоро се посебно даунов синдром, среќа отишле на второ мислење и приватен скрининг надвор од државава, таму им рекле детето е здраво право нема никаква аномалија и стварно ене го 4 години е и нема ништо од тоа што им "нашле".
Јас имав етопична бременост пред две години. Се додека немаш црвен иседок и константен притисок доле немаш за што да се сеќираш. Повремени болки напред и позади во грбот се нормални за првото тромесечие, матката се прилагодува на новата состојба. Со лесно нека ти е, ќе биде се ок, само позитивно
И пак доѓаме до тоа дека не се сигурни ни тие тестови, а коштаат солено. Само Господ да дава здрави и прави бебиња.
5 +2н по апликација (мислам дека е помало од ова) пред некое време имав болки во половината пецкање во јајници. Се замина освен болките во половината и некогаш малиии болки кај јајниците т.е левиот јајник ( и со претходната бременост ги имав) некако почнува тешко на желудник. Преглед за недела дена. Првата бременост спонтан втората успешна со 3г дете ама целе бременост под паники ја поминав се надевам оваа ќе уживам иако дури не слушнам срце пак имам страв Аспирин фолна и прогестерон за Поддршка
6+3 и болките во јајници уште ги имам, на ехо се супер со срцева. Но ме загрижуваат болкиве во јајници од време на време што се јавуваат и не се баш така мали грчеви понекогаш.
Уживај си, без стресови колку можеш. Ќе биде се како што треба. Би требало со второ да си пореласирана
Магнезиум од 400 мг секој ден и б6 од 20 мг. Одмарај повеќе и не кревај тешко. Повремени болки се нормални во овој период. Поздрав и со лесно
Ееее ќе си имаш болки , матка се шири. И јајници не те болат, одмараат сега до после пораѓај негде. Се шири матката и нормално е.
Фала ви многу. Да не се јајници, но тој предел е па се разбираме. Знам дека се нормални болките и грчевите но сите тие грчеви и болки ги опишуваат како мали, непријатности, што кај мене некад кога ќе фати грч ме фака и тоа убаво да здоболи ама неколку секунди па опушта. Јачината некако ме загрижува. Пијам магнезиум, ќе си земам и б6 обавезно.
Магнезиум наутро и навечер, 1000 мг е максимално, освен доктор ако не каже за повеќе. Одмарај колку можеш повеќе, кај мене на пример ми одговараше на лева страна да легнам и раката на стомак ставена
Ќе уживаш мама,верувај. Кај мене до сега добро беше,сега сум веќе 26 та недела,почна така тешко да ми станува движењето,дека две..ама не се давам Ќе издржиме до крај сите.
Треба да лежам да одмарам а со дете од 3г е невозможно ај да се бркаме ај да се кријаме. Плус и на работа цел ден сум на столица мислам дека половината ме убива. Дај боже сите фа истераме до крај здрави и живи бебушки
И мене ме фаќа така 8+3 сум моментално, не ги осеќав така во првата бременост сега не знам дали сум заборавила ама знае така да ме фати и си оди со ред прво од лева па од десна страна и на крај половина некогаш како боцкање некогаш тапа болка некогаш пак мислам дека ете готово е сега ке прокрварам но ништо нема ни траг ни глас се си е ок. Пијам магнезиум, вит ц и д, плус метилирана фолна и фемибион. Знам дека нормално е дур се издржува и не е постојана болка така да нормално е да не штрекне.
Со лесно нека е само, јас едвај чекам да поминат зошто баш сум како на штрек кога ќе стегне, ме тегне до нагоре, позади до кичма. немам осет јас до колкава болка е нормално Ама па среќа брзо поминува и не е постојана па се е во ред се надевам.
Ај и тука совет до утре секако сум на прв преглед Имам болки во половината значи не можам да спијам од што ми е неугодно. Совет некој ? Ако вака на почеток боли до крај како ќе биди …
Жени дали имате проблем со несоница? Не знам дали е фаза и до кога ќе трае, но сум жива ненаспана. Значи кога легнувам одма заспивам, но после три часа станувам за до тоалет и толку, се превртувам во кревет до сабајле. Дали ви се случува и вас ова и како да го оправам сонот?