Од 1000 единици пијам, коа ми препорача матичната ми рече оке е. Сега за бременост не знам дали е многу.
Јас мислам дека е ок, јас пиев од 2000, па 1000 и сега само во премама колку има не знам точно, тоа го примам.
И направи утре бета хцг, види дали расте, после три дена пак направи. Ако се дуплира значи се ок. На толку рана бременост само бетата покажува дали се развива бременоста како што треба. Во странство од тие причини не ни прават прво ехо пред 8, 9 недела.
Јас еве денес бев 5+3н ме пиша докторката Виде ептеннннн мала точка плод внатре само е ептен рано не се паничи и мене ми закажа пак за 1 недела
Денес сум 8+5 и бев на контрола, се е супер во глобала со плодот си одговара за неделите и деновите но на мал дел позади плацентата има хематоми, матичната рече штом е вака малку не е страшно ништо и ми даде утрогестан од 200 и контрола за две недели. Е сега мозоков мира не ми дава цел ден се на тоа мислам што да правам? Читам на гугл дека најдобро е мирување покрај терапија, некоја со искуство вакво како ова најдобро да се помине?
И јас некаде 10 та недела имав малку крварење и бев на контрола, докторот ме гледаше и виде хематом. Препорака повеќе морување без некој голем напор, кринон ставав кој што ми го укина на претходната контрола. Рече дека се ресорбираат хематомите сами но да не се претерува со активности.
Девојки, а имате ли зголемен вагинален исцедок, без мирис и други симптоми, Матичнава вика нормално е во бременост, ама па ко помочана се осеќам некогаш.
А вие што ставате утрогестан, исцедокот од вагиналетите не ви има некоја посебна миризба? Имам приметено дека кога ќе ми истече бел исцедок од нив, како со бели парченца, знае да ми се појави некоја специфична миризба. Ви се случува и вас?
А како жолт исцедок од нив немаш? Лом ми се гаќите доле дури и на пижамите ми се познава. Како помочана жолто
Јас не користам секојдневни, знаат иритација да ми направат и само перам гаќи, треба да зголемам залиха, не ми стигаат
Ај да ве прашам Кога разбрав дека сум бремена појдов кај докторка која ми беше матична ми даде аспирин утрогестан . Поради х причини ја сменив и новава матична ми рече само аспирин дека нема потреба од утрогестан. Не знам дали да го искористам тој што го имам или да го оставам. По природа сум паничар во бременост па мислам дека ме смируваше тоа што користам утрогестан како заштитена да бев
Ако нема индикации зошто да ставаш? Јас со првото ставав имав полип кој крвареше. Сега не ставам со втоорво, зашто ништо немаше.
Ги даваат утрогестанот како дополнителна заштита и поддршка на бременоста. Ако си ги примала не знам зошто ти ги прекинале, нема штета од нив, само дополнително прогестерон во случај да немаш природно доволно. Јас не би ги прекинала да сум на твое место. Но твоја е одлуката. Советувај се со друг доктор. Поздрав