Не, воопшто ми нема миризба, консултирајте се со мат. гин за тоа ако приметувате нешто. Јас пак сакав да прашам дали е тоа нормално така да пагаат парченца нареден ден како да не е абсорбирана вагиналетата.
Мене сите ми праат иритација освен на ДМ тие некако ми се погодија приметив дека лепакот прави најмногу проблем
Ми завршија премама и тргнав да сменам по фемибион 1. Но таа во аптека ми ги препорача како многу добри овие мулти витамини со пробиотици. Дали сте ги користеле и дали се за во првото тромесечие?
Јас ги пијам од почеток на бременост, еве веќе 18та недела сум и баш сум задоволна. Не сум ни пробала други ама пробиотикот баш ми прија.
Ме буни тоа што има вит А, нели не смее и плус рибиното масло им е од туна, така е наведено во упатството. Па ме замисли
Жени од вчера вечер при мрдање и допир од делот каде мокрам како да ме боли на допир. Во понеделник ќе правам уринокултура. Пред две недели во урината гледам нема бактерии, но пишува доста присутни аморфни фосфати. Што значи тоа?
Жени нешто за киселини и гадење? Гастро цели 10 минути ми функционираат и после ништо. Константно ми се лоши, ако не каснам нешто одма повраќам жолтила.. Ништо не ми се јади па само со лебови се тупам.. Ни кафе не можам да се напијам и ми се лежи и спие 90% а малата си бара внимание нонстоп. 6та недела сум некаде, срце видовме, се е во ред ама јас се распаѓам од сега
Само ќе си помини, барем мене за првата бременост ништо не ми кажаа да земам а константно бев со гадење ама она во мн лошо издание бев Оваа бременост за чудо не ми е воопшто ептен мала тежина ама поминува.
Антиметил апчињата и гастрогардот пастили... и трпение спасение Јас некаде до 12та бев крш (од вода дури ми се слошуваше), после се наеднаш ми снема. Од што бев недојадена.. едно 2 недели јадев како да не сум видела Сега сум 18та и нормално си функционирам. Ни ми е лошо, ни апетит страшен имам.. таман се Психички спреми се месец дена ваква да си... полесна храна и тоа е тоа...
Јас за првата дури и полоша бев, константно повраќав сега повеќе само ми се лоши ама знам и да повратам ако изгладнам па земам да јадам. Енергија 0
Спремна сум, само што е тешкичко.. Него мислам ти беше со еден царски, ти се случува лузната да те печи некогаш? Мислам многу е рано за тоа тек сега ако е така потаму што ќе правиме
Да, пред 6г Па незнам за од надвор ништо немам осетено. Ама мачкам Еуциринот маслото низ цел стомак... па и таму кај раната
Здраво девојки нова сум во темата 11-та недела сум и сакам да прашам дали има некој искуство со вагинален ицедок како вода. Брисеви чисти, мокрача во ред . Некако се плашам да не е плодовата вода . Ставам вагинални Утрогестан 2×1, а имам и хематом од кој имав краварење а сега сеуште имам по малку кафено на бришење. Ве молам за ваше искуство .
И јас така бев една нед после менстр и имаше само сакус.. нормално испаничив, посче 2 3 дена пак бев но пак истото.. очеккував барем уolk sack но ни тоа немаше.. за после една недела како мина и ембрионче со срце... иако не се работеше за касна овулација кај мене ...можеби имплантљцијата беше покасно.. ти посакувам среќа и со лесно
Погоре го правевме овој муабет. Да сите имаме како вода исцедок, како помочани да сме. Исто ставам утрогестан сабајле и навечер. Од нив имам и како жолто мрсно што ми протекува и на пижамите. Лом сум цела, не можам да се доперам гаќи и пижами
Жени дали сте ги користеле d- mannose ( д- маноза ) кесичките што се за уринарни инфекции? Матичната ми ги препорача, дека се безбедни и многу ефикасни и да ги пијам додека чекам резултат од уринокултура. Читам дека се многу ефикасни и за ешерихија , а се 100 проценти природни. Имате искуство со нив?