Da da procitav ama napisav bidejci kaj mene e cisto kako voda nema nekoja boja za toa napisav Да да прочитав јас ама кај мене е само водено без некоја боја и за тоа пишав , бев исплашена некако се ми дојди наеднаш хематом, крварење,па и исцедокот . Ти благодарам многу
Мешиња Освен тоа што ми се спие ми се плачи и градите што почнаа да ме болат друг симптом немам, некогаш заборавам и дека сум бремена. Да можам цел ден ќе спијам Си продолжив да земам утрогестан четврток на контрола. Значи ова гадењето да не знам дали да сум среќна што го немам или загрижена ( за ќерка ми ама се отепав од повраќање до 13-14 недела) Се да биди во ред со бебе па другото…
Јас бев иста повраќање до 17недела .. еве ме сега 22+4 никаков симптом немам освен меше и што навечер неможам да застијам до 3-4h па попладне спијам до 13-14h ..
Ти го разбирам стравот! И јас воопшто не повраќав, нити ми се гадеше, да не речам не ни ждригнав цел прв триместар го поминав во страв и сега ми е криво, можев да се утепам од шетање (на боледување сум не одам на работа), јас си преседов дома парализирана од страв... Сега и да сакам не можам два чекора да направам некаде, а стравот уште си го имам, уште повеќе што не го осеќам да мрда (а на ехо буквално клоца ама јас ништо не осеќам).
За клоцањето зависи постелката дали е на преден или заден ѕид Ох се да е во ред Миле паника за ова сум … Гушки до двете
Е кај мене е на преден ѕид и е многу дебела. Денес станав и си викам а што ако не сум бремена... за два дена 21 недела, не знам кога ќе поверувам...
Мене понекогаш како да ми се движи нешто внатре, исто навечер, ама не сум сигурна, ставам рака на стомак како да има некое "бранување" ама може да е и циркулација или црева. Стварно не знам...
Јас освен грчеви од време на време како за добиено и градиве што ме утепаа, ништо немам… ме фаќа паника дека не сум бремена. И се плашам цело време. А тек почеток на април сум прва контрола… само да е се во ред, како ќе издржам до април не знам. Ваљда е нормално и да немаш некои симптоми.
Д-маноза имам пробано не ми има помогнато воопшто, ова пред некоја година. Зависи колку имаш ешерихија. Ако си миљонче не верувам... А за помалку па може и ќе ти помогнат сепак секој организам е различен.
Која недела си, не знам ни како да рачунам јас. Јас 5та недела 2 ден според апликацијава на календаров. Од прв ден добиено рачуна.
Тука сме јас сум 5та и 1ден , во петокот кога бев на прва контрола освен задебелем ендометриум ништо друго не можеше да се види и ме викна утре пак да одам
Мене ми рече почеток на април, тогаш ќе сум 7ма недела веќе. Па се надевам само дека се ќе е во ред и дека ќе слушнеме срценце.
Ајде да ве консултирам нешто додека чекам резултати од уринокултура. Кои антибиотци се дозволени во прво тромесечие? Дали некоја од вас примала и дали смее? Ич не ми се пие, а изгледа имам бактерија Дај ве молам утешете ме дека не е толку страшно антибиотик, избегнував да пијам и порано, а сега па ептен не сакам.