Хајјј Денес имав малце пецкање кај јајникот и бев до болница ( матичната ми откажа вторник сум на преглед не е тука ) по последна менструација 6н 5д по големина 6н 2д и претходното ехо беше за 3 ден помало. Немаше сонда па на абдомен ептен малце како шум срцеви реакција па вторник здравје убава Само да си пишам Убав викенд
И кај мене толку се слушна првиот пат, рече само што се активирало сигурно.. на екран еееептен малку се гледаше како пулсира (а со вагинално ме гледаше), исто 6+2 некаде бев.. бебче 5.5мм Со лесно!
На прв преглед сум во четврток кај матичната. Ќе бидам шеста недела. Дали е рано за да се слушне срце? И какво ехо би ми правела? Ќе одам со мм, мн сум возбудена. И малку се плашам додека не го чујам срцето. Првото ехо го направив сама кај гинек што ми ја правеше инсем.
Мене вагинално ме гледа цело време иначе јас 6та недела имав срцева реакција иако матичниот рече дека од 6та до 8ма е нормално да се слушне.
И мене ми е прв преглед денес, 6та нед 1 ден сум. И маж ми ќе дојде со мене, не знам дали би го пуштиле? И уплашена и возбудена сум.
Дали девојки имал некој искуство со хематом? Мене докторот ништо не ми кажа, само дека имам хематом и ми рече да прекинам да пијам аспирин и ми ја смени прогестерон терапијата. Но, читам на нет хематом бил заканувачки за абортус. Доктори препорачувале лежење. Што правевте вие?
Бев на прво ехо според гинеклогот 5+1 ама одговара на 5+5 поголемко било. Се рече дека е супер, следно ехо за две недели здравје за срцева реакција да видиме. Ми даде утрогестан вагиналетки, премама, Д3 и за гадењево Наватац така нешто се викаат. Маж ми у несвет падна, повозбуден од мене кутриот слика прашува, ја ко падната од Марс Како ги ставате вагиналетиве, како тампон оке е? Исто мене апликацијава 6+1 ми рачуна, тоа зашто ја смета и неделата од последна менструација? Последна ми беше 18ти фебруари.
Јас слушнав срце на 6+2, исто мислев дека е рано, па позитивно се изненадив кога го слушнав. Со лесно и со среќа ❤️
Јас прокрвавев еден викенд и почнав со утрогестанот, рекоа дека многу имаат и самото треба да се изгуби, инаку бев 2 недели ма боловање требаше уште ама Мене не ми се седеше дома почна повеќе да ми е лошо и тргнав н а работа
Девојки како го ставате вагинално утрогестанот, како тампон ли? Многу ми е страв да не направам некоја беља.
Легнувам на кревет со полукренати нозе и најдлабоко што можам ставам. До пред некое време и долги нокти имав Така да не се секирај, ништо не може да направиш или повредиш. Речиси сите ставаме, опушти се.