Бев на ехо сабајлево, др рече дека почнало да чука срцето но уште не може да се слушне и дека е добро вгнездено и дека бременоста е во ред, Според ова за колку дена би можело да се слушне?
Се осеќам ко воз да ме прегазил… одвај функционирам, еден ден ми се гади цело време, еден ден ништо не ми е, еден ден ми се гади насабајле, еден ден навечер. Најтрагично е што не можам да повратам а мислам ми гори желудникот. Заспивам во 8 навечер па 5 пати се будам вечерта. Некад имам нелагодности некад немам. Дали и на вас ви е вака? 6та недела сум.
Факт е дека секоја бременост е различна и кај една жена нема две исти бремености. Тебе те има фатено жустрото, ама не се секирај поминува. Јас бев ко тебе нит знаев ден нит ноќ, се утепував од спиење и гадење со повраќање, секој ден различно освен еден период коа станував точно во 1 по полноќ да повраќам. Гледај да јадеш полесна храна. Мене кефир многу ми помогна за флората а имам корозивен гастритис значи скрос ништо неможев и сеуште неможам да јадам. Дури една бисквита да каснам од стрв, ме тепаат киселини. И нормално бљуцкање со прсти... Пробај некако ќе си олесниш.
Никако не можам да повратам… се обидов секако само ми гори желудникот. Не ми се ни јаде а мртва гладна се осеќам… се утепав пиејќи јогурт пошо само тоа ме смирува колку толку. Вчера излегов до East gate, одвај се воздржав 5 минути во молон да земам нешто што многу ми требаше. Сите мириси мислам беа измешани од луѓе од дуќанине… со отворен прозор маж ми возеше до дома. Ми даде матичната Navatac, моментално ме смирува и толку… се надевам дека ќе се смири гадењево.
Пробај исто RefluStop на WAYA. Јас три пати неможев да повратам и такво кесиче со гел се напив, од кои два пати ми помогна. И пробај кефир, топла препорака. Ако сакаш ќе ти дадам габа. Со лесно
Леле луѓе дефинитивно две бремености различни Значи со првото до вц не можев да стасам премногу повраќав Со ова заборавам дека сум бремена ( освен градите малце што ме болат) Паника ме имаше фатено дури не слушнавме срце 8+1 по календар по плод треба да сум 8ма на секое ме корегира горе долу.
Тој период ми траеше две недели. Фала богууу. Мислев ќе цркнам и на мм му викам, второ дете ќе посвоиме ако е вака. И јас не повраќав, ама гадењеее…. Мене ми помогнаа за шмукање едни таблетки, ги има и во форма да се пијат. Се надевам и ти посакувам, брзо да ти помине.
Според последна менструација сум точно 7 недели денес, а според докторот што измери сум 6+2. Ама небитно. Битно видовме срцева акција, и Димитров ни рече дека ептен брзо чука, што е супер. Само позитивни мисли за најдобар исход. Со среќа на сите идни мамички! Инаку освен што енергијата ми е 0, посебно наутро, други изразени симптоми немам уште...
јас во петок сум на преглед кај др што ми ја правеше инсеминацијата. Шеста недела ќе бидам плус 6 дена, па се надевам да слушнам срце. кои прегледи ми се следни? Скрининг ли? прочитав дека се прави во 12та недела. Вчера само повратив, имав киселини и толку. А по цели денови сум поспана и болки во градите.