Скрининг и микробиолошки брисеви во 12 недела. Ако немаш направено крвна слика и урина со уринокултура направи. Некои прават и испитувања за Torch до 12 недела. Јас направив и контрола на тироидни хормони и шеќер.
Мене ми даде за крвна група, не ми ја признаваше пошо немав печат на старата… па бев за крвна група на трансфузиологија и ми даде за крв и урина. Следен преглед ми е понеделник 7ма ќе сум влезена, здравје срценце да слушнеме. Сигурно на прегледот ќе ни кажат и што понатака за испитување.
Торч правев пред 3 месеци, дали ќе ми важи? и брисеви правев во февруари, ќе ми важат? ќе направам крвна слика обавезно.
Ако си правела торч пред бременост уште поубаво, ти важи секако, а за брисевите јас би ги повторила ако не во 12, барем 14 недела направи пак, за да бидеш мирна.
важи, фала ти многу. Имав гарднерела само, па добив и неколку дена пред инсеминација ставав флажил, ама ги прекинав заради инсеминацијата. Се надевам ја немам веќе, ќе прашам во петок.
Од кога влегов 8ма недела имам мачнини на утро и поминува. Туку сакав да ве прашам вчера кога го кренав детето како затегнување чувствував на местото од царскиот. Не би требало да паничам ?
Zdravo Bi sakala da prasam dali nekoj imal kako mojava situacija, spored cikluc sum 8 nedeli i 2 dena a plodot mi e 7 nedeli i 4 dena, dali ima mesto za panika.denes alusnav i srcence no seuste sum vo panika
Водат според циклус, ама никој незнае кога точно настанало оплодувањето. Ако ти кажал доктор дека е се во ред и си слушнала срценце, зошто паника? Непотребни стресови, кои не ти требаат во бременост. Понатака и до две недели може ќе ти појави разлика и тоа е нормално. На предходен преглед беше понапред 3 дена, сега на последен точно до ден. Нормално е, опушти се и уживај во бременоста.
Еве сум и јас, вчера преглед 9н1д од менст а бебе е 9н почнува полека да се поклопува иначе беше 3-4 дена по назад. Се си е во ред, нареден преглед 12н приска брисеви и сл. Прв пат ќе правам приска за првото кај што бевме немаше така само ехо и то е то. со лесно на сите
Јас сум 7+3 и секој ден имав само гадење, вчера прв пат се исповратив жолтила сабајле, после тоа ми олесна цел ден до попладнето каде пак почна гадењето додека не заспијам, денес станав ништо немам знае да ми се згади ама многу малку скоро ич. Малку не знам да се понашам. Нормално ли е вака да варира во 7ма недела? Во понеделникот бев на преглед се беше супер слушнавме срцева бебе поголемко дури за 5 дена. Ме фаќа паника малку со симптомиве. Единствено што осеќам моментално е замор, ко утепана.
Ехеее , тек си на почеток мила. Зошто паника за нормални симптоми? На телото му се случува нова состојба и е нормално. Негде после 12-13 та недела се магично поминува кај повеќето. Ама не се плаши. Јас буквално периодот што си ти сега , не бев мрднала од кревет некои 2 недели, после се оддеднаш помина. Не се ни осеќам како да сум бремена. И одмарај си. Ако ти се лежи, да лежиш. Ако ти се спие, да спиеш. Слушај си го телото и уживај во секој момент. За гадењето ако е континуирано, ќе пробуваш се што мислиш дека ќе ти помогне.
Девојки треба да одам за брисеви, а ставам прогестерон вагиналети. Дали сабајлето пред брисевите не треба да ставам вагиналета или нема врска тоа што ќе ми вадат брисеви а јас имам вагиналета
Погоре јас веќе пишав, дека мене гинекологот ми рече два, три дена пред брисеви да не ги ставам туку да ги пијам. Прогестеронот не влијае на резултатите но сепак лигавото и белото од нив може да пречи убаво да ти земе брис од вагината.
Фала ти, имав скролано нагоре но, сум го пропуштила тоа изгледа, и не сум прочитала. Јас ставам циклогест тие се замо за вагинално, не се пијат како утрогестанот. Сепак ќе морам да се јавам да прашам кај гинекологот. Фала ти.
Здраво, веќе сум седма недела но денес чувствувам некој слаб бодеж на местово кај што имам обележано со црвено ( не знам како да објаснам на друг начин) . Не е болка, не е силен бодеж ама цело време како да чувствувам нешто? Може ако фатам некоја позиција на седење или лежење да се изгуби повремено. Инаку видовме СА, ок поставеност. Следен преглед за две недели.
Нормално е. И понатака ќе осеќаш. И исто ќе си бараш позиции за да ти биде згодно , да не те боли. Почнува матката да ти се шири и како расте бебе, така ќе имаш нелагодни болки кои поминуваат. Со лесно.