Da so invitro sum,me racunaat od posledna menstruacija dosega taka.Aj stom ne e strasno za dve nedeli sum kaj Lazarevski na pregled,samo neznam dal naredna nedela pak da otidam kaj maticnata dame zirne.Kemi dojde 1 nedelno eho,abdomenalno me gledaat.
Немаш потреба, не се преоптеретувај толку. Уживај во бременоста. Мене плодот ми е цела недела нанапред за разлика од калкулацијата од последна менструација, а разликата ја дефинираа накај 14та недела.
Немај гајле. И кај мене варира плодот. Беше напред 4 дена, па исто, па два дена понапред. Два дена не е разлика од две недели. Не се плаши.
Здраво на сите, Прв пат сум бремена, според циклус сум 7+1, на 6+2 имавме прво ехо и слушнавме ❤️ плодот бил убаво сместен во матката и според ехото се мереше на 6+6. Прашање за поискусните дали цело време имате симптоми? Мене гради ме болат па не ме болат, немам сила и ми се гади па ќе одморам и подобро се чувствувам. Знам дека сите промени се нормални но не сакам да паничам дека губам симптоми и дека нешто не е во ред. Бремена сум со ивф и малку паничам затоа што се бориме 4 години за оваа среќа.
Jas vo prv trimester samo umorena se osekav i gradite mi bea osetlivi drug simptom nemav. Uzivaj vo bremenosta ne se vodi spored simptomite
Јас сум во 6та недела и моментално освен отечени и болни гради и малку поспаност, ниеден друг симптом немам. Се чудам дури дали е нормално од ништо да не ми се гади. Утре сум на преглед, се надевам дека ќе слушнеме срценце.
Jas sum 38ma nedela i cela bremenost nemav gadenje, povrakanje...nisto znaci vozev, odev na rabota na teren, shetav, pazarev se pravev normalno. Duri sega potesko stanuva, bolki,grcevki,kiselini, zategnuvanja..taka da individualno e bidi srekna ako nemas gadenje, povrakanje
Нормално е да се разликува од датумот на менструација. Понатаму ќе варира, некогаш може да покаже 4-7 напред, некогаш да е таман. Кај мене на секој преглед е различно. Тој вториот датум што е по големина на бебе, на секое се менува. Не може секое бебче да е исто, датумот од менструација е просечна големина на бебе... а сите имаме различни гени, па и различни бебчиња. Не се грижи
Здраво Бремена сум 10 недела, до пред 5 ден пиев Дабростон за задржување на плодот, но гинекологот рече да ги прекинам дека нема потреба повеќе да се пијат, но јас овие 2-3 дена осеќам болка, бодеш во јајниците и долниот дел од стомакот, не се јаки ама се чести. Дали е нормално поради ширење на матката или да се јавам на гинеколог? Ви благодарам!
Јас постојано имам бодежи, болка и би ми било страв да ги немам 8 недела сум и уште користам терапија. За да не ти е на мисла, можеш да го прашаш докторот за мислење, ама сигурна сум дека нема потреба за грижа.
Devojki. Da prasam za priska dali treba na vreme da se fati upat za na GAK i koj doktor go predlagate kako soliden? I koja nedela se pravi? 12ta ili 13ta nedela? Naporedno so prviot skrining. Jas skrining kaj Lazarevski ke teram no bi sakala dve mislenja, bi sakala i na drzavno plus i uste eden asalen doktor. Predlog ?
12ta nedela, priska i skrining zaedno gi pravat vo isto vreme. Jas zakazav 2 nedeli odnapred kaj dr Maja Koteva super e, posvetena, odgovara na prasanja
Zeni hello..Bev na pregled petokot vidoa sacus 6mm. No seuste embrion ne se gledase. Od snosti imam nekoj bledo kafen iscedok..samo koga odam vo toalet, na hartijata koga se brisam. Vtor den od shesta nedela sum. Dr. mi kaza da zemam Dabroston 3x1. Zagrizena sum..