Зошто одма мислиш на киретажа? Незнам на кој начин си останала бремена, може си пишала. Ама ако си по природен пат, никој незнае кога ти настанал овулација. Докторите пресметуваат по последна менструација, не по тоа кога си останала бремена зошто никој нема да погоди. Една бета направи си утре, следна понеделник или вторник и ќе знаеш дали си бремена со сигурност. Јас верувам дека има нешто. Не чекај во сабота работат лабараториите , иди боцни се.
Prirodno ostanav..Prva bremenost posle 12g. brak I odenje po vrati. Fativ ovulacija na domasen test. Eden Ginekolog mi kaza deka Betata ne mila merodavna, moze da raste, a sepak plodot da ne e kako so treba. Mene najmnogu me isplasi toa sto I sakusot ne e pravilna forma, tuku ima agli. Uf..ajde ke pisam rezultat..stiskajte palci.
Да одиш на второ мислење, овде не се остава ништо без второ мислење, душо. Прочитај само колку членки после второ мислење се било во ред. Бетата и те како покажува дали се е во или не.
Сите гинеколози се водат по бетата пред се. А ова што ти кажал тој гинеколог, ми мириса само на еден што го познавам со такво размислување. Направи си бета и уште едно мислење нема да е на одмет.
Дечки 8+6 сум, болки во долен дел од половината имам, како да ме удрил некој со нешто се осеќам. Нормално ли е?
Девојчиња, во петокот имав бета 233.6 , на ден пред (не)добивање. Утре докторот ми рече да направам хемостаза и димери, па се прашувам дали е паметно да направам уште една бета? Многу сум стегната, мислам срцето ќе ми испука. Дури на 24ти сум на прв преглед. Многу чекање ми е и незнам дали ќе сум мирна. Ептен сум исплашена ради спонтаниот.
Мила, опушти се, нема потреба одлична бета имаше. Само позитивно. Се ќе биде во ред. Немој да се плашиш, ако толку не ти се чека оди на приватно некаде ќе видат бебка во меше и ќе се опуштиш. Не си прави стресови. Јас ниеднаш не направив бета па еве ме 16та недела. Само позитивно.
Mislam deka nemas potreba,napravisi dimeri i hemostaza,ako si pokriena so terapija kleksani,progesteron opustise i uzivaj.Otidi nekade na drugo mesto na eho ako neti se ceka tolku
Фала ви на одговорите милички Неможам ништо да фатам низ дома од што цело време мислам и се стегам, стварно ми е тешко ептен. Ме замисливте сега за бетата. Цело време мислам на тоа ,,а што ако не расте како што треба” Паники на макс. На приватно закажав на 24ти, незнам дали да закажам кај матичната малку порано. Ама што кога ќе закажам сигурно ќе се види само сакус. Незнам што е паметно да правам. Инаку со клексани сум уште од петокот.
Zakazi si kaj maticnata slobodno i kesi vidis sakus,keti potvrdi bremenost i kesi se opustis.I po doma nese zamaraj i nese stegaj.Opusti se
@Feniksgirl @nikja ќе ме искарате знам, ама сакав да видам дали има промени од петокот до сега. Горниот тест е тој во петокот, долниот е од денес. Цртката е многу поизразена нели? Тоа значи дека бетата си расте?
Јас не те тепам оти иста бев, имав направено 10 теста и 4 дена по ред тестирав бета Цртката е прекрасна! Си расте бебче
Добро е, нема да сум натепана - сега за сега Инаку миличка, ајде ако сакаш пиши ми порака, јас неможам тебе.
Нема потреба да правиш друга бета, само непотребни стресови. Супер си е ова, а и тестовите жар црвени Која недела си сега според последна менструација?
Фала миличка на одговорот Според последна менструација апликациите ме водат како 4+2 , минијатурни сме
Таман сте си Таму некаде четврток-петок можеш да отидеш на матичен да ти потврди бременост, да видите сакус, ќе се смириш Па после здравје на 24 ќе си отидеш на преглед за срценце