Како да си помогнам со пиење вода? Неколку пати имам пишувано, 11 + 5 сум, од се ми се повраќа, буквално и од вода. Можам само голтка две да се напијам и толку, не ми бара душава. Желудникот го осеќам цело време како полн да ми е, секоја вечер ја завршувам со повраќање веќе ми е преку глава. Вчера бев гладна вечерта, си направив малку палента колку да ме засити, не ја ни дојадов со трчање отидов во вц и 5 пати повратив. Гладна, ми се повраќа, најадена, исто така. Барем вода да можев да пијам, не можам ни тоа. Денес ќе пробам со лубеница. Не се издржува веќе ова нервите ми се при крај не знам како да си помогнам
Ко да се читам себеси… никако, ја не пиев со сила. Имаш уште многу месеци кај што ќе пиеш. Уште малку и ќе ти се смири гадењево и повраќањево. Со сила не пиј ништо. Полошо правиш. Наеднаш ќе ти престанат следна недела до две.
Zeni nisto od mojata rabota..Ponedelnik sum na GAK za kiretaza. Nisto ne znaci betata, plodot ne go biva. 8+5 sum nema srce I sacusot seuste onakov nikakov deformiran. Pisav I vo druga tema, no I ovde, nekoja so iskustvo na GAK ili da mi kazete cena vo privatnive..
Уште малце мила, после како камила има да пиеш вода. Се ќе ти биде малце. Јас од човек што пиев една чаша на ден вода, сега без неа ни до тоалет не идам.
Ај да си отидеш уште на три мислења пред да направиш грешка, закажи си и приватно и државно, оди на ГАК да те види доктор (не специјализант), оди во Систина, оди во Ремедика... Нека потврдат неколку доктори дека нема срцева акција пред да избрзаш. Не се брзај за киретажа, за тоа секако има време.
Јас имав срцева акција со 16900 бета, после една недела проверив пак беше 105900. Оди си на уште некое мислење.
Мешиња бев кај матичната денеска, неможам да дочекам уште 10тина дена без да видам нешто и не згрешив што отидов Денеска сум 5+0 , бебко си одговара според неделата и си видовме сакус , и да едно е Матичната ми кажа супер е сместено, било супер прикачено за матката Си земав сликце и се преизрадував дај Боже на следен преглед да си чујам и срценце, се молам за тоа секоја божја ден
Zavrsi mojata prikazna za zal..Izleze deka e molarna bremenost, morase kiretaza sto pobrzo. Zatoa hcg bese taka visoko..So srekicka na site, da isterate lesno do kraj
Девојки колку често одевте на преглед во прво тромесечие? Мене некако на почеток ми се фати многу едно по друго 4та, 5та, 7ма и 8ма недела. Сега сум 10та и тек 12та би имала преглед за што малку ме фаќа анксиозност дека нема да го видам толку долго не знам ни како ќе издржам
Јас на 3ти бев последно (8недела) па тек на 26ти сум наредно. Со одмориве и немав како порано да закажам па си викам да не е баш многу чекање и пак ќе ме искараш ти да уживам што немам симптоми некои веќе хаха ама јас пак ќе си се пожалам дека ме нервира, веројатно зошто некоја сигурност ми даваа симптомите дека е се ок
Стварно не знам како така закажуваат, јас на 25.06 треба да одам. Бев на 4+ некој ден, па 7 недела, и нареден преглед по еден месец… Кај матичната бев јас не можам цел месец да чекам, да скрене човек
Хахах јас на докторката и викам ама тоа нели е многу и ми вика ама јас што ќе му правам ќе го држам ли хаххха ми вика Господова работа си е тоа.. и не дека не е во право мислам оделе или не оделе на преглед што и да е не можеме да спречиме само може да мислиме позитивно ама и тоа ете тешко ми иде понекогаш кога нема да појдам подолг период на лекар... Ќе одев и јас кај матичната ама иднава недела и она е на одмор...
Ќе го држиш ако треба Така си е, Божја работа, ама нема мир, особено прво тромесечие. Денови не минуваат… ако ме боли стомак зошто ме боли, ако не, зошто не ме боли, не се погодува
Аааа значи сите трудници вака размислуваме, добро е, јас мислев само јас сум ваква паничарка Знам треба да уживаме, знам треба да се опуштаме, ама посилно е од менеее
Не си само ти Вчера добро ми беше, ме фати паника зошто ми е добро. Денес ме заболува стомак, паника зошто ме боли Вчера му викам на мм “Не се осеќам трудно”, човекот ме гледа, не му е јасно Денес вика се осеќаш ли… Шта речи
Леле исто, исто значи Вчера не ми беше многу лошо, и маж ми ,,а оти не ти се лоши денеска” ? И можете да замислите која паника ми ја направи, неможев да спијам значи. Му викам веќе ништо не ти кажувам, само стресови ми правиш