Хаха леле сите исти еј, а ја па толку ми беше лошо што буквално плачев од што се осеќав безизлезно и еден ден ми беше малку подобро и таква уплашена зашто ми е добро и му паничам на маж ми и он ми вика абе вчера ме молеше да ти помигнам колку ти е лошо вика денес добро ти е ти пак плачеш хахахаха. И стално ми вика многу слободно време имаш изгледа или сите жени обозавате да мислите и премислувате работи хахаха, па и коа ме кара матичната тој на нејзина страна е хахахах ако и вика карај ја
Прв пат во 7 недела, па во 11, па во 12 недела за скрининг и брисеви. Наредно после 1 месец. На 4 недели ми закажува контрола. И јас едвај чекам да одам, ама од секој преглед ми дава по 5-6 сликички на телефон, па со нив се тешам
Zenski, Vo rana bremenost 4 nedela spored aplikacija normalno e pokacena tt 37.5 i onalaksanost. Pred dva dena pravev test za bremenost.
Нормална е, ако не е пропратена со други симптоми, кашлица, болка во грло, мускули. Јас така во 6 недела качував и до 37,6.
Здраво мешиња Јас веќе флевам во 12 та недела од бременост. За втор пат денеска ми се случува да имам болки у желудник. некој искуство? И со шо ви е минало ако сте имале. Фала ви
Неможеш сонц од еден ден да си бараш спас, може си јадела нешто што не ти одговара. Јогурт, кефир напиј се да си ојачаш флора на желудник.
Здраво девојки. Нова сум на темава, но активно ве пратам. На 28 ден од циклус направив тест за да се уверам дека ќе добијам. Испадна позитивен тест со 2 убави црти, а на 29 ден правев бета 1140. Уште сум во неверување. Мислење?!
10 nedela denes Uste nemamm sila,i imam gadenje,glavobolki,nesonica itn Koga prestanuvaat simptomite otiii ne mozam vekje
Воглавном до 12/13 та недела. А се надевам дека нема да те држи цела бременост. Ти посакувам брзо да помине гадењето и да уживаш во бременоста.
Да ве прашам дали некоја се соочила со мокри гаќи, ама не е ниту бело прање ниту мокрача, буквално како водичка без мирис? Незнам дали е од Crinone гелот, од хормоните... 10 недела сум, на преглед си беше се во ред, во понеделник ќе правам скрининг и останатите тедтови.
Здраво девојки Прво ехо ми е закажано за на 1 август но до тогаш не знам како ќе издржам имам болки на десна страна не знам дали е нормално страв ми е пак да не е вонматерична бидејќи имав една на лев јајцевод и заврши со лапараскопија и вадење на јајцеводот Ве молам за мислење