Мислам дека јас и ти сме во исто време останати бремени. Јас досега 3 4 пати имам појдено на преглед. Првиот пат за да се потврди дека едометрумот е задебелен после дека не е вонматерична....Не е касно на 01.08???
Не знам мила одма откако дознав се јавив кај докторката и таа за тогаш ми закажа инаку на 16 месецов направив тест беше поз со ептен бледа црта и веднаш направив бхцг ми беше 46.62 и наредната ден бев ама не кај мојата др туку кај друг доктор и на олкава бета ендометриумот ми беше 20мм. И ми рече демек еве се спрема за бременост вчера го повторив тестот беше со иста јачина на црта како контролната црта и денес пак направив бета и уште малку ќе одам по рез и ќе ви кажам колку е
Ако е на 16ти месецов значи на 1ви би била 7ма недела веројатно што и не е толку доцна но сепак ако ти е на мисла побарај да те види порано некој.Болките може да се и од самата бременост и за тоа можеш магнезиум да земаш.
Супер ти е, си напредува. Оди нека те зирне дека е во матка и раат ќе си. А болките се нормални. И јас ги имав еве 22ра недека терам.
Женски денес на преглед докторот ми го прекина прогестеронот, имам две пакувања резервни, доколку некој неможе да ги најде во аптека, пишете ми ќе ви ги дадам по иста цена што сум ги купила.
Ајде да се пријавам јас пак, после 3.5 години 4+3 моментално, а инаку 14 дена после трансфер. Ехо ми закажаа дури на 6ти Август, па едвај чекам да слушнам срценце, веќе 7ма ќе сум тогаш. Како сте овој период со подуеност на стомак? Јас ко 4-5ти месец, стомакот 5 минути пред мене… Уште кога почнав со терапија пред трансфер ми рипна и еве уште како топче ми е…
Здраво,јас сум 8ма недела.Последниве две недели поужасни не можеа да бидат.Константно гадење и лошење.Пробуваш да повратиш ништо не искача освен очите од напрегање.Во 6та недела си викав па добро јас немам мачнини не сите имаат...сега го барам тоа .Како вие ги поминувавте деновите?Имавте ли некоја рутина низ денот што и како за да не ви се гади толку многу?
Која недела си ? Ме интересира зашто и јас користам пргестерон( со ивф сум ) па да знам до кога би примала отприлика ( мн сум подуеана не знам дали е од прогестеронот )
Ајде да ви се придружам тука, денес правев тест и позитивен беше, сега одвај чекам првата контрола да слушнеме срценце
Здраво девојки, Сега сум 6та недела и вчера видовме формирање на плод но матичната ми е многу скептична зошто дури сега се формира(пред една недела немаше) и зошто сеуште нема срцева акција. Претходната недела испитавме HCG беше околу 46000 што според референтни одговара со неделава во која сум. Јас ве читкав и сите имате различно искуство, некој 6та, некој 7ма, некој дури и 10та. Дали е ситуацијава моја за плашење и стресирање бидејќи со однесувањето од матичната многу се плашам, а од друга стран а кога читам и вредностиве што ги имам се е нормално. Да напомнам, одам секоја недела на ехо да видиме како напредува и една недела стагнираше, не растеше но еве повторно си се развива. Кога престана да расти беше кога ми пукнаа цистите и кога ја намалив терапијата со дабростон и утрогестан утро-вечер (сега примам утрогестан само вечер). Умот ми е во лудница не знам што да правам. Дали да се опуштам уживам и чекам, дали да се плашам, дали ја променам матичната... Ве молам за мислење.
Да си одиш на второ мислење, ние во 7ма слушнавме срцева реакција. Така да дефинитивно второ мислење.
Ние овој пат слушнавме во 7ма недела, предходниот пат во 6та, но како што и сама пиша секој со различна ситуација. Појди на уште едно мислење најдобро за да си помирна зошто очигледно ептен матичнава те исплашила
Зависи и кој дел од 6та недела, јас слушнав срце на 6+4. Според мерки си 6та или според менструација? Ти пишуваше дека имаш прерана овулација нели би требало да си понапред по мерки, оди си на приватно со подобро ехо. Или матичната ти е малку конфузна или не комуницирате добро.
Јас сум со доцна овулација па во 6+4 на прва контрола потврдивме бременост која одговараше на 5 недела рамно, од тогаш до сега 12+ секоја контрола бебе е покасно за тие 10дена и докторот рече ќе одиме по бебето а не по менструација. @LittleMermaid96 оди на контрола после недела дена и видете како напредува
Ние срценце слушнавме на 6+5, ама немора да значи дека сите ќе слушнат во 6та недела, некогаш едноставно е прерано. Зависи кога е зачнат плодот. Матичните многу пати знаат така да нѐ извадат од памет, така да и мој совет ти е да одеш на второ мислење, по можност приватно. Бетата ти е одлична, така да верувам дека само ствар на време е кога ќе слушнеш срценце.