Ама членката имаше пишано дека овулирала пред 10ти ден на циклус, значи мерките треба да се понапред не поназад, што е случај со доцна овулација. Кај мене не ја ни гледаат датата на последната пошо ми беше предолга, се водиме по дата на овулација и плод.
Сега го завршив трети месец и ми ги прекина докторот, се беше во ред до сега со бременоста, бебчето си напредува според неделите, немав фала Богу крварење, и јас сум со ИВФ, подуеноста е мислам од прогестеронот, иста сум и јас, не е ништо страшно, ќе се дуеме до прва , само да ни беде се во ред до крај
И јас сум со доцна овулација и ме води со недела минус сега јас сум пример 7ма недела ама ми ја смета за 6та
Од утре влегувам во 9та недела и едвај издржувам немав појма дека може да е волку мачно! Повраќам скоро секој ден, пред две недели завршив на инфузи. Сега повраќам по 2-3 пати дневно ама мачнината е КОНСТАНТНО тука! Ништо не можам да јадам, ослабена сум, само лежам и се молам да заврши периодов. Зар нема некоја терапија која ни е дозволена за гадењево? Освен антиметил кој воопшто не ми помага… не можам да се исправам, полошо се немам никогаш осеќано. Ми требаше малку да си покенкам сега ми треба и мала утеха дека ќе биде подобро
Ќе биде подобро, тоа секако. Само не можам точно да ти кажам кога. Кај мене на пр. после 17-та недела беше подобро. Јас пиев Xonvea таблети, помагаа малку од малку. Исто нон-стоп повраќав, слабеев и толку мачнини имав што бев убедена дека не се од бременоста, туку треба да барам специјалист. Најлошо е што се има постојано мачнини, а воопшто не олеснува со повраќање.
Ќе биде душо, уште малку. Исто ми беше и на инфузии завршив и јас. Мислев умирам секој ден по малку до 13 та недела. И наеднаш ништо не ми беше да ти кажам на толку лошење не знаев да се понашам наеднаш од што ми е добро. Знам дека ти е тешко, и дека и на психа мава ама ќе помине. Избегнувај храна што ти смета, ја и вода не пиев многу, пошо и тоа повраќав. 3 месеци јафев кифличе и кашкавалче. Понекогаш и јогуртче. И тоа беше мојата храна 3 месеци. За жал нас таква ни се погоди бременоста.
Неочекувано многу ме мава на психа… иста сум со хранава, кифла, јогурт, вода многу тешко. Абе ми се повраќа кога проаѓам покрај фрижидер, не па да го отворам. Многу чуден феномен. Фала ти за утехата❤️
Мене ниедно апче не ми помогна.. мириси да не ти зборам, не можев маж ми да го поднесам… у кола не можев да влезам ми сметаше мирисон, повраќав и од тоа. Од се буквално, работи што сум ги обожавала… црева истурав. Ама ќе помине уште малку. Млеко знаеше да ми помогне да ме смири, исто ако ти се верува… мастики.. џвакање мастики ми смируваше нагони за повраќање, и толку мастики во живот немам изџвакано ко првите 3 месеци.
Јас скроз обратно од тебе, само јајца не можев да јадам друго се исто како да не сум бремена ни мачнина ни гадење ниту еднаш повратено. Имав повеќе изострен мирис ама ништо страшно. И знаеше често да ме фати такихардија. Голема мрзливост, омалаксаност и само спиев. Тоа беше се од моето прво тромесечие.
Според последна менструација бев 6та, според мерки бев 5та. Закажав на приватно за оваа недела. Whish me luck
исто и јас... до ден денеска сум такс, сега сум 16та недела дури се со страх оти не се случува ништо,и се се питам дали е у ред се уствари ... ххх
Евее не сум била сама јее изгледа најблиску сме со деновите јас сум 15+2 денес Нека биде се добро тоа е најважно
Хелоу мамички кога почна да ви се познава баш стомаче трудничко? Јас сум 16+3, па и немам баш и се се плашам некако. Фала ви
Исто, влегов во петти месец и веќе се познава убаво оформено трудничко стомаче. До тогаш беше салце па не се приметуваше.