Секоја трудница за себе, не значи дека нешто не е во ред. Јас од 12 та имам мини меше. Во 5ти наеднаш ми рипна и сеа во 6ти уште повеќе. Така да уживај кај секој различно.
Веќе од 7ма недела ми се приметуваше мало стомаче, сега сум од утре 17та недела и баш е приметно. Но секоја бременост е различна, мене ова ми е второ забременување, првиот пат некаде 14-15та имав мало стомаче.
Уште малку 12 недела сум и не ми се познава ништо. Стомаче и онака си имав јас, така да ништо неможе да ми се забележи. Кај секоја трудница е различно, не се грижи. Јас не се замарам многу дека знам ќе имам стомаче секако, само ствар на време е
Јас па сум скоро 7 нед и сум подујана и стомак имам онака ептен ....Дури и како да ми смета сета сум како во балонче....Мене па тоа ме мачи оти вака подуеност и немаме на сите кажано за бебето ама ми е срам вака да се шетам само ми се пулат...
И јас исто - мислам од терапијата преф и по трансфер што ја примам сум цела подуена и ме загледуваат луѓе, а некои дури и си дозволуваат да ми кажат ‘трудна си или само здебелена?’…
Жени на бришење кафеаво имам бев на болница утрогестан од 200 капсули....некоја да примала терапија дали движела или мирувала???
Која недела си? Јас имав кафеаво во 4та и во 11та недела, тој период додека се повлече мирував ама не со строго лежење, само не пешачев. Исто 2х200 утрогестан и уште ги примам сега во 17+
Не се грижи, како што гледам кафениот исцедок кај сите се дешава. Јас неќни имав кафен во 11та недела, па се извадив од памет можеш да замислиш. Бев на итна и бебо беше супер. Немаше хематом, немаше ништо. Едноставно или некој капилар пукнат на матката дека се шири или евентуално од аспиринот. Ставај ги утрогестанот и гледај повеќе да мируваш деновиве.
Јас од дома работам и не ми сметаше околу мирувањето. Да бев на твое место ќе извадев барем една недела боледување, или ако природата на работата ти дозволува да си од дома. И не се секирај, пролистај по темиве преку една од нас во прв триместар имаше кафеав исцедок. Честа појава е.
Ништо страшно, секоја втора има. Ставај утрогестан вагинално и мирувај. Не оди на работа, одмори периодов.
Здраво девојки. На сите со лесно и само убавини Од денеска и јас ви се приклучувам во дружбата и поддршката. Вчера вечерта имав бледа цртка, сабајлето го повторив тестот пак беше бледа. Бев на его, не се гледаше. Матичниот ми рече дека е рано. Направив бета, вредноста беше 472. Со консултација на матичниот во сабота ќе испитаме бета и така. Иначе 2 недели сум со вртоглавици ама не верувам дека е од бременоста, премногу е рано. Може да е од времето.