Здраво женски. Денеска бев на ехо, ми рече дека во матка е плодот ама долу. Малце сум загрижена, може некој совет или искуство? Малце глупо прашање му поставив му реков на др што значи тоа што е долу дали може да падне, излезе или слично. Ве молам не ми се смејте, знам дека Малце е глупаво
Женски здраво. Денес бев на преглед и докторот ми кажа дека сум 8 недела и 6 дена. Кој месец е тоа? И би сакала да ве прашам кога почнавте да им кажувате на другите дека сте трудни? Ви благодарам ❤️
Од утре влегуваш во трет месец. За кажување кој како сака. На блиски кажавме после срцева реакција, на некои пред.
Јас сакав после приската....ама онај мојон да можеше на микрофон да кажи ќе кажеше и ајде после срцева реакција кажавме
Кога сакаш можеш да кажеш, тоа е до вас. Ние на најблиските кажавме после 9та недела, сега сум 12+ недела и сеуште немам кажано на многу луѓе
Јас јавно немам објавено, не ни планирам по социјални мрежи. На моите кажав од позитивен тест, на блиски другарки, баба и дедо после срцева акција во 6 недела, а вака на пријатели не памтам ама сигурно негде после 10 недела.
Не планирам и јас на социјални мрежи. На моите после потврда од доктор. На друштвото сеуште не. Сакав да се осигурам прво дека се е во ред. Ви благодарам на сите! ❤️
Не знаете колку ми е мерак да ставам една слика понатака така со меше интересна, ама незнам дали би имала храброст а и многу не сум по сликањето. Ама некогаш може ќе се опуштам
На најблиски од позитивен тест, на останати од 17-та недела. На социјални мрежи немам ништо објавувано.
Ова после 12 зборам за најблиските На други не сум ни кажувала. Сега почнува меше да се познава убаво па некој ако ме виде ок, ако не си ќутам.
Па, најдобро. И јас не би кажувала, ама блиски роднини и пријатели нѐ поканија на повеќе свадби, па мораше да кажеме дека не планираме патување (дека далеку, живеме во странство, а и датумите за свадбите во моја поодмината бременост се поклопија).
Ме утеши хаха Јас сум скоро 18та недела и се уште немам кажано на некои така поблиски пријатели, се си викам ајде денес ајде утре и поминува време.. Свесна сум дека потсвесно ме кочи стравот особено што предходниот пат само што кажав после една недела се искомплицира се, ама ајде се надевам ќе се олабавам и јас и ќе кажам и на останатите.
Не е ништо глупаво, убаво си прашала. До кај 4ти месец ќерка ми ја носев буквално доле, кај јајници мислам ми беше, нормално е тоа на почеток(кај мене подолго траеше), после како што растат се креваат нагоре. Јас подолго ја носев доле како што кажав, повеќе се пазев на почетокот ама после тоа до 40та недела немаше абер да излезе и беше високо горе, требаше царски па последен ден се спушти и бидна природно. Немој да се плашиш, ќе си се крене погоре како ќе расте
Само нај блиски дознаа и некои така поблиски пријатели, многу роднини не, а на соц мрежи не ни објавив, а имав мерак реално, ама знаејќи каков народ сме, си се воздржав. И после им направив изненадувањеее кога се породив
Ние кажавме после срвева на родителите само. На друштвото во 11та а на друг никој посебно не сме кажале, не се ни сликам искрено нит објавувам на социјални мрежи, и имаат прашано вака што ме виделе по моите дали сум бремена, пошо очигледно е дека сум хаха. Ама свој избор, кога сакате вие.
Јас се имам видено и среќен маж и посветен ама ова досега не ...ко му кажав се опијани значи не знаам брука сега ѕвони по телефони кажува дури до пријатели Германија кажа.... ама што да се прави...па му честитаат бакнежи одма....а оти него не сфаќам...