Ми рекоја и крв дека има. Да се боцкам со прогестерон депо. Нигде не можам да ги најдам, неколку месеци ги немало може нешто недај Боже да се деси?
И мене ми рекоа прогестерон депо ама дека исто неможев никаде да најдам, матичната ми рече само со утрогестан тогаш, исто било. Па фала Богу до сега сѐ си е во ред. Консултирај се само со докторот што те води што да земеш за замена, мада сигурно ќе ти речат утрогестан. Нема ништо да се деси и сѐ ќе си биди во ред
Многу сум загрижена. Мене добростан ми рече 3х1 и некои заменски најдов prolutex секој ден да се боцкам. Сега ти до која недела стигна? И што се деси со хематологија?
Немав јас хематом, немав ништо ама ете сепак се деси кафен исцедок. Само утрогестан почнав да ставам по едно навечер, бебо на ехо си е супер и еве така продолжувам, и плус боцкам клексан, 12+ недела сум. За пролутекс немам искуство, да прашаш некоја друга членка. Дабростон ти се добри ама тие се пијат, а колку што знам вагинално да ставаш е поефикасно.
Прочитав дека намерно е повлечен прогестерон депо, во цел Балкан, не знам зошто го препишуваат доктори, нели се упатени дека се повлечени. Јас боцкав пролутекс, добри се, не се секирај. Само секој ден се боцкаат, не е како депо на 4 дена.
Незнам што да кажам страшна работа се, препишуваат нешто па ќе ти рече ама ако го најдеш. Еве јас и клексан едвај наоѓам, арно се погоди во аптека една женичка од мајка родена па цело време ми порачува и ми остава по 1-2 кутии.
Да. Мене ми рекоја од Албанија да сум си земела а од др страна ми вика одма да се викнеш. По голуб да ми ги пушта одма нема да стигна. Глупости!
Ќе се боцкам друг избор немам. Мора хематомот да се повлече,тоа е... И ти имаше хематом или и тебе те боцкаа превентивно?
И јас прокрварев 2 пати од ниско носење на бебето, не сакав да спомнам да не те плашам. Ставав Утрогестан и Прог.депо ме боцкаа. Одмарав тој период и затоа ти спомнав почна да расте бебе и си се крена нагоре. Прашај онлајн по аптеките за депо или имало некоја аптека во Чаир, провери таму. Мирувај и примај терапија, ќе се среди. Сега видов и хематом имаш, епа од тоа си прокрварила...имав и јас мал хематом...се повлекува со терапија и лежење. Инаку пролутекс имам боцкано, ако ти кажале тоа, боцкај се и јас се имам боцкано со нив.
Не мила. Воопшто немам прокрварено. Да сум појасна. Матичниот мој не гледа вагинално. Пред некој ден бев рече ќе дојдеш во вторник со полна бешика, нешто ѕирка сега ама рано е да се види да видиме дали е вонматерично или ќе се вгнезди . Денеска бев кај него и рече се е во ред само ниско ти е. Ништо не ми препиша, рече ќе дојдеш на контрола за 2,3 недели. И маж ми прееска ми вика сакаш да одиме на друго мислење и реков ај како ќе речеш....за среќа. Појдовме кај др доктор тој си ме прегледа вагинално рече еве го ембриончето, супер си е, одговара на 5та недела ама има и крвче (хематом) рече постои ризик а и немора да значи. Одма ми препиша добростан 3х1 и прогестерон депо. Депо не најдов, бев на болница ме боцнаа прогестерон од 100мг и од утре ќе почнам секој ден со пролутекс до недела, во недела сум на контрола. Дај Боже до недела да го снема А имаше маж ми некое претчувство, цело време ми викаше нешто ми е сумливо
Јас имав хематом од почеток на бременост но до 10-11 недела веќе се повлече и го немаше. Од терапија само мирување, утрогестан и магнезиум примав. Сега сум скоро 18та недела. Се ќе биде во ред само мирувај и примај си терапија.
Мила мене првите па сигурно 12 недели ме гледаа абдоменално, ама тој што си е стручен и така сè би видел, тоа ич да не го мислиш. Супер што сте отишле на второ мислење. Сега ти останува да си примаш терапија и да мируваш, ќе биде сè ок
Zdravo devojki, na 30.07 mi bese denot za (ne)dobivanje na ciklus, redoven ciklus imam, napraviv test deka planirana bremenost i bese pozitiven. Se javiv na Dr. no mi rece deka e preprano za bilo sto da se vidi, so ogled na toa sto utredenta otidov na odmor, Dr. rece na 5-6 den da povtoram test i koga ke se vratam od odmor da odam na pregled. Testot e pak pozitiven. Koi bea prvite ispituvanja sto gi napravivte? Koga otidovte na pregled? I koga se gleda srceva reakcija? Imam zakazano pregled vo pon. I do togas panicam dali se ke e vo red. Vaka nemam nieden simptom. Posleden ciklus 05-09.07.