Накај 14-15 ти можеш да закажеш преглед и срцева реакција би имала тогаш. Направ бета, не домашни тестови. Чисто да видиш колкава е бетата. И еден совет од мене, што ми помогна да имам бременост мирна. Не паничи пред се, не читај се и не се ослонувај на туѓи искуства. Секоја една од нас е различна, секоја е со своето. Ниту едно тело не е исто со друго. Најди доктор или ако имаш од доверба и слушај што ти кажува.
Мирување ама не да речам само да лежам она и да не станам ни за во вц...и утрогестан 4 пати од 100 и магнезиум Сега крварење не ама како болки имам
Не, и јас така не мирував, само лежев и тоа не мн денови, после до 9ти не застанав со активности и пешачење. Зголеми си магнезиум тоа е дозволено од доктор кога ќе имаш такви болки. Утрогестанот сепак е терапија, така да те покриле со нешто. Ако забележиш поголеми болки или не дај боже крварења, тогаш др терапија ќе ти дадат.
Истото сега сакав да го пишам. Сама си се карам што сум ваква паничарка ама биби кога ќе пише си викам еве женава како може и си се смирувам
Денес на преглед. Добро си е бебенцето, малечки сме сеуште, но според мерки одговара на 4 дена помало. Знам дека не е загрижувачки, но се мислам бидејќи сигурно сум немала доцна овулација според однос и имплантациско крварење. искуства? наместо 7+2 ме водат сега 6+5..
Душо, најнормано нешто. Не можеш воопшто да си сигурна кога настанала, и болки и слично не значат овулација секогаш. Моето е недела дена понапред, еве да ти кажам поим неам коа имав овулација пошо немав ниеден симптом. Нормално е плус минус недела дена да биде, така да уживај се е супер, чим се развува супер немаш потреба од грижи.
Јас се бунам според односот… имавме два дена по завршување на циклус а имплантациско имав една недела пред нареден циклус… јас очекував да е малце понапред… ама се надевам не е страшно
Ништо страшно, може и да измериле погрешно, секако ништо страшно неколку дена помало, еве има членки по недела дена. Плус сте имале два дена после добиено, ама може после 5 дена се оплодило, сепак сперматозоидите живет до 5 дена а јајцеклетката само 1. Не се води така, опуштено и се ќе биде во ред.
Нормално е алт да е 68 а макс. Е 32 о аст 34 а макс е 31....Дали некоја нешто вака имала ??? 7 нед плус 5 дена
Нормално е. Мене преку 50 ми беа, нисто страшно. Тоа во бременост не се испитува. Мене ми испитувања ради колона што имав во бременост
Да знаеш кој паничар бев едно време пред бременост. Мислам дека ми немаше рамен, ама кога после еден одмор си направив рестарт во главата и муабет сама со себе, тргнав паниките на страна и психички подобра , а тоа влије на се останато. Дури мм вика како друг човек си. А да, кај мене и работата имаше многу влијание.
И за делот околу пораѓај си средив во глава. Два начина се да искочи и мора да искочи. Мене повеќе ме фаќа блага паника за после тоа. На пример дали кога ќе плаче ќе успеам да ја смирам , дали ќе ја слушнам навечер кога ќе плаче, дали ќе и погодам за грчеви капки. Е толку ми иде паметот.
Zdravo devojki bremena sum 5+4 beta hcg 3097 dali e toa normalno , se uste nema srcveva reakcija ama ima pulsiranja doktorot rece deka e vo red...vasi iskustva