Супер е бетата, рано ти е за срцева реакција. Кај нас се слушна во 6+1, ама генерално е од 6та недела натака.
Здраво денес бевме на контрола. Хематомот 99% е повлечен. Ќе продолжам со истата терапија до четврток па ќе видиме што понатака. Срценце се гледаше кј што мрда ама незнам зашто немаше звук. Може таков му е апаратот, незнам што да кажам. Во четврток ќе видиме за сигурно и тоа. Иначе денес сум 5+6
Рано за да се слушни срце мила, тоа сега само што почнало да чука па сте го фатиле на ехо. Ние слушнавме во 6+5, значи тука некаде сте веќе и вие уште малку. Мило ми е што се повлечило хематомчето, сега примај си терапија и уживај.
Не ти пуштил звук. Затоа не се слушнало, плус само што почнало да чука. Следен преглед ќе е веќе појако и ќе го чуете.
Сакав да споделам мислење за д-р Пајтим Асани на ГАК. Не знам како и зошто тој се погоди денес на прв скрининг, затоа што бев закажана кај д-р Котева, ама ајде во ред. Од очекување да биде тоа пријатно и убаво искуство и да ме ослободи од мислите, таканаречниов доктор не ме ни погледна. Две минути ме гледаше на ехо и рече на стажантката пиши ги вредностиве и прати ја на PRISCA. Кога прашав дали е во ред, рече аха, уредно. Ништо друго. И сега сум оставена во недоумица дали е се` во ред, затоа што не ми кажа ни за носна коска ништо, апсолутно. А кај матичната сум тек во петок за да ми го прочита резултатот. Кажете ми дали е можно да одам на прв скрининг по вторпат и дали е тоа здраво за плодот? Толку сум разочарана и изнервирана... не очекував многу од државна, обично не ни добиваме некаков однос, ама ова беше жива катастрофа.
И јас исто поминав кај Чибишева. Затоа за втор директно Ремедика одам и толку. Катастрофа однос со пациенти, некој едвај го чека тој преглед за да се осигура дека се е добро а добиваме ќутење само и ок е се. Никакво објаснување
Мерките ги имаш на извештајот. Прати го на матичната. Јас имав одма закажано кај Димчев, иначе тешко дека ќе најдеш одма термин.
Матичната ми рече во петок ќе го видат, на одмор е. Кај замената треба да одам за брисеви и пап. Сестрата ми рече, само смирено, сигурно во ред е во петок докторката ќе ви објасни.
Ако ти кажал доктор уредно дека е се,немаш причина да се потресуваш,ако нешто имаше докторот секако ќе ти кажеше и тебе.. Ако можеш прати и ги резултатите на матичната преку вибер,нека е ги види и нека ти каже шо и како да се смириш.
Да, да, секако матичната ќе ги види. И јас си викам дека ако имаше нешто ќе кажеше, ама во тие 3 минути, 2 мин. зборуваше на телефон, а другата минутка запишуваше вредности. Искрено не знам ни дали се релевантни тие вредности. Разбирам дека многу трудници им прошле низ раце, ама ако мене ми е првпат, тогаш докторот треба да се обрати како да ми е првпат, и да ме упати. А не да ме игнорира и да вика аха. Не сме на пазар сепак.
А јас кога бев кај д-р Самарџиски на втор скрининг со врски пикнаа една во мој термин оти мажот и имал родниниски врски со докторот и буквално таа излезе 5 мин пред наредниот термин, имав прилика да го гледам нејзиниот преглед и и одговараше на сите прашања и и даде 10 совети дури и општи прашања кои може матичниот да ги одговори, а мене само 2 мин на ехо, раце, нозе, срце и мозок ми покажа и толку, кога излегов имаа поминато вкупно 6 мин од кога влегов, баш видов на саатот, рачунај тоа со се облекување и извештај од кај сестрата.. ужас, поразочарана никогаш не сум била, се почувствував како јас да не носам дете во мене оти не сум со врски и како да не заслужувам таков "привилегиран" преглед.