Бебето почнува од точка да си расте. Веќе си 6+ некој ден и веќе не е точка. Не е рано. Мене како ме болело тој период…
Здраво, Прва бременост ми е и сум неискусна во цел процес. 7 недела сум и денес правев испитување на крв и урина Крвата ми е супер ама во урината било пронаједно воспаление. Утре ќе ми земат брисеви за да се испита во микробиологија. Ме интересира дали некој имал слично искуство и дали е штетно за бебето во 7 недела доколку се појави некоја бактерија Фала ви
Во 8 ма. Милион единици беше бактеријата и по консултација со неколку доктори ми одобрија за терапија и сите беа за тоа да третирам, за да не се качи нагоре и да направи проблем.
Devojki sto piete/jadete za macninite, nesto sto vi pomaga? Prvata bremenost nemav tolku maka, sega po cel den i nok mi se losi, gadenje, bolki vo zeludnik...
Све јадеме и од све имам мака ем ми се лоши ми се гади ем сум 24/7 гладна. Дур јадеме ок ми е ама после јадење..... ми иде на повраќање, никако да поврарам. Само ждригам ко некоја крава. Покрај тоа и се заморно се осеќам, ептен ми е топло, ептен сум заморна. Со душа чекам малце да разлади, се надевам дека ќе сум по ок заш ич не функционирам
Јас сум со хипермесис и пијам зитрон на три дена. Ама мораш во консултација со лекар. Од другиве лекови пробај антиметил или драмамине, мене не ми помогнаа ама на многу знам дека им помогнале. За јадење јас ништо… геврек, јогурт, се мачам со електролити и водичкине со вкус, ама се повраќам ослабена сум 5 кила. Мене докторката ми кажа во прво тромесечие особено со мојава состојба да не се замарам за храната, што можам да задржам тоа макар и да е геврек три месеци, само да внесувам течности за да не дехидрирам. Е сега јас завршувам на инфузии често ама тежок случај сум. Сакам да кажам што можеш да јадеш тоа јади, во оваа фаза не се замарај дали било здраво или не
Бевме вчера на контрола. Има срцева акција. Сеа за сеа се си е во ред Си продолжувам со Дабростон 3х1 и Утрогестан по една вагиналетка навечер, пролутексот ми ги исклучи. Уште пред да забременам имавме букирано за на 23ти за Малта. Докторот рече оди ама ќе се вардиш. Некоја искуство во рана бременост со летање, одмор и сл има за да сподели искуство. Вие што би направиле?
Јас во 10та бев во Грција на 3 дена. Таму преубаво поминав. Е коа се вратив овде, дали климава нешто што сменив 50 пати полошо ми беше и на крај на инфузии завршив од повраќање.
Па не знам да ти кажам, ја и лошо бев со повраќање првите 3 месеци, само тие три дена не ми беше ништо, ама буквално ништо, и после како да ми наплати за тие три дена… ама па ме воскресна инфузијата да ти кажам, ептен ме освежи.
Ајде со Господ напред се ќе е во ред. Помалце замарање и стресоој, подобро сега како си и која недела си
Сега супер сум, 26та сум. Сеа почнав да спијам многу не знам што ми е иначе до 13та ми беше прелошо и после наеднаш ко со ножички ништо ама ништо ко нова. Втор триместар е супер, освен лигаментите што се досадни па може да те плашат иначе нема мака ќе видиме за брзо трет
Со лесно мила одлучи кај ќе се пораѓаш или рано ти е? Јас гледав пакетите од Систина што се, скроз на скроз се отиднати со цените Јас немам некој посебни мачнини освен вруќинава што ме буфта и што ми се повраќа од све. Никако да повратам само ждригам
Па најверојатно на Гак, ако не се предомислам до тогаш. Уште сум некако на два ума хахах. Али здравје боже само се да е во ред, па мора да излезе бебе хаха.
Сега чекам да се породи братучедка ми на клинички. Па да видам како ќе е задоволна, може и јас таму или плодност. Тука кај што живеам нема шанса. Во 2022 ми го умреа бебето