Здравоо женички . Јас веќе 6 ден после крварењето, засега не ми се појавило пак но при бришење одвреме навреме светло кафеав слуз. На влошка немам исцедок засега. Ми се случува на моменти нагло да ми опадне енергијата, како да ми паѓа притисокот и како да омалаксувам. Немам вртоглавица ама нестабилност во тој момент ако станам на нозе. Сеуште само лежам, станувам до вц само. Дали е нормално и дали на некоја од вас се случува така? Ми е страв да е е нешто друго.Мерев притисок 110/70..
Здраво на сите Прва бременост ми е ова , во моментов сум 5 недела и некој ден. Денес првпат на гаќите ми се појави кафеав исцедок но многу малку. Од што може да е тоа? Сега за неколку ден сум на гинеколог, но малку ме фаќа паника
Добредојде Не би требало да е ништо страшно, можно е стара неисчистена крв. Кажи и утре на докторката, можеби ќе ти даде прогестеронска поддршка. А може и ништо нема пошто не е крварење. Со лесно
Девојки 5+4 сум денес, но почнувам да качувам температура сигурно. Трески имам. Смеам нешто да пијам?
Jas isto toj period krenav tt i treska stavav oblogi so icet na nozete i nekako mi se simna. Drugiot den bev dobra
Здраво, ете ме мене пак. Денес бев на контрола кај матичната, ме прегледа со горно ехо рече добро било бебе, веќе сум влагала во 9та недела имаше и срцева акција. Но уште сум со кафеав исцедок при бришење. Хематомот е уште тука си стои. До кога ќе тера вака не знам со исцедокот, секое одење во тоалет ми е со страв
Не се грижи, од хематомот е. За брзо ќе го снема, релативно не се опасни за бременоста. Сами исчезнуваат и ќе прекине кафениот исцедок.
Дали примаш нешто мене уште на почеток ми дадоја дабростон 2х1 и циклогест вагиналети 1х1 и кога појдов на следна контрола хематомот веќе го немаше ама бара строго мирување
Да, пијам утрогестан 2х1 и на 24ч ме боцкаат пролутекс инекција секој ден, после крварењето. Претходно ставав само кринон гел вагинално, од него имав и мн чудни остатоци . Докторката ми рече поради крварењето да го пијам утрогестанот, јас сакав да пробам да го ставам и вагинално но се плашам поради исцедоков уште . Иначе станувам само до вц и еве денес што морав до кај матичната да појдам малку се раздвижив. Не сум мрдната од кревет, се укочив веќе цела
Хелп , што земате за мачнини и повраќање? Не можам ни да јадам баш нормално , но се трудам по малку цело време, зошто многу ми се гади
Bas nisto Jas probav sve i kapki i apcinja ama nisto ne mi pomogna ,doktorkata vika deka sum so bliznacinja mora taka ,ama ti probaj so antimetil apcinjata .
Здраво девојки, бремена сум 8+6, ама постојано имам бело прање кое е со жолта боја. Нормално ли е тоа?
Дали е нормално ова со тапиве болки во стомак и кичма, не се јаки и интензивни ама ми се јавуваат, да не речам како менструални.. 9та недела сум, денес цел ден кичмава како да ме мачи и по некогаш и како да те сече нешто напред
Земи магнезиум, топол туш и легни во позиција што ти одговара. Ако ти е на мисла и ти трае , понеделник појди на еден преглед.
Здраво мамички. Бремена сум 6 +4 недели. Плодот е во ред, меѓутоа на ехо докторот виде циста. Користев само Фертилимин пред да забременам. И според докторот не е ништо страшно и ми даде Утрогестан, но сепак кога го слушнав зборот циста почнав да паничам.. Дали некоја од вас има слично искуство ве молам?