Zdravo, Moze malce glupo prasanje Kako gi racunate nedelite denovite kolku ste bremeni. Primer 6+4 sto znaci? 6 polni nedeli +4 dena? 6*7+4=46 dena od zapocnuvanje na posleden ciklus?
Немој воопшто да се секираш и паничи. Јас имав огромен хематом. Над плодот и поголем од него, јас не крварев ама на ехо се гледаше дека е голем. Исто и мене ми дадоја пролутекс 1х1 дабростон 3х1, на следната контрола скоро да го немаше хематомот па на наредната скроз беше повлечен. Јас мирував ама не претерано многу, шетав навечер, излегував по кафиња и сл ама не се префорсирував. Следна контрола ќе го немаш хематомот
Денес бев и на дежурен, да ме ѕирнат. Хематомот беше уште тука, субхоријален е. Јас инаку имам и 2 мали миомчиња во долниот дел на матката и еден на ѕидот околу 3.5цм. Ми рекоа дека плодот е на средина, засега нема допир со нив, се надевам нема да направи и тоа проблем . Ми рекоа да продолжам со истата терапија само пролутекс на секој втор ден. Вика докторката исцедоков ќе го имаш и понатака, поради хематомот. Дај боже да се повлече скроз
Zdravo devojki , 9 nedela sum so bliznacinja ,Ovie dva dena mnogu povrakjam I ne spijam ,ne jadam … Dali znaete za infuzija na GAK treba ili bilo kade da se obratam mi e strav za bebinjata
Ништо не му е на бебињата мила, ти дека си со 2 и многу повеќе ти се изразени симптомите. Можеш на Гак да, ќе ти биде подобро од инфузијата, во неа има само витамини што ќе те кренат. Најпаметно е да одиш за да не дехидрираш. Издржи уште малку, ќе помине. ❤️
Јас бев кај Димчев и на гак кај Данева. Можеш да си закажеш и кај Котларова во Ремедика, исто предобра докторка и престручна. Ова зборам за на приватно. На гак јас кај Данева поминав предобро, пола саат ме гледаше се детално до ситница ми објасни и за прв и за втор скрининг. И трет исто и кај двајцата имам закажано. Само види си со време за термини пошо одвај се начекува.
Фала. Плодност ми е поблиску ама сеуште се мислам. Иначе денеска бев кај матичниот и ја сама му барам да направиме крвна , да испитаме димери, да ми земе брисеви. За брисеви рече е рано за едно 10тина дена, сега сум 9+1 А прво кога влегов ми рече што треба? Реков контрола и ми вика трудна си?
Божее, што му е на тој. Иначе да околу 12 та се прават брисеви. На скоро сите тогаш им прават. Побаарај си се што мислиш. И мојава е малку така лабава, ама ми дава на месец дена за крвна слика и урина. И останатиот дел баш коа треба дава да испиташ, ако немаш индикација.
Не е работата да барам јас што мислам. Тие за што се? Ја од кај да знам се што треба и како треба. Идам и кј др на приватно и тој не вика ништо за испитување. Кога го прашав рече оди кај матичниот за упати
Па да ама вака со упат ти е без пари, и реално ти следува зашто да не си искористиш. Така да барај си се што мислиш, пошо викаш него не му текнува. Па понатака смени го.
Обавезно ќе и кажам, ама имам преглед за 2 недели па незнам дали е нешто страшно за да се реагира веднаш или пак може да почекам. Инаку во текот на денот 2х бришам само жолто онака си е безбојно и немам чешање ни печење.
Дали некоја има искуство со покачена мерка на нухален набор во 9н 2д? Денес бев на контрола и ми кажа матичната дека NT e 4.6 мм, рече може не е ништо, може тоа е дел од обвивката,ќе се видело се на прв скрининг...
Ќе почекаш прв скрининг и ќе одиш кај некој што е стручен за тоа. Матичните не се толку стручни. 9та недела е прерано да се види нешто. Само позитивно и на скрининг се ќе биде супер.
Здраво девојки, како сте? Јас си ја терам 10та недела, енергијата малце ми се врати ама пак само ми се спие Од вчера ми се појавија вртоглавици, еве и денеска имам. Незнам дали е нормално во 10 да се има вртоглавици